Author: НОВА ТВ Mitreska

Осомничениот поранешен генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој поднесе оставка поради сомневања дека ја злоупотребил службената положба речиси две недели е во притвор, но како што дознаваме тој се уште не дал исказ пред надлежен обвинител за гонење организиран криминал. Судија на претходна постапка на почетокот на април го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот поранешен функционер му определи притвор во траење од 30 дена. По ова следуваше жалба на притворот од страна на одбраната на Зеќири која бараше поблаги мерки на обезбедување, но таа не беше прифатена, а поранешниот генерален секретар беше вратен во истражниот затвор во…

Read More

Словенечкиот министер за земјоделство Јоже Подгоршек денеска поднесе оставка поради афера за неплаќање на една хотелска сметка. Според словенечките медиуми, Подгоршек во јануари годинава направил сметка од 800 евра во хотел во Бохињ, а по заминувањето не ја платил, туку тоа наводно подоцна наместо него го направил земјоделски комбинат со кој Министерството за земјоделство е во спор за сопственост на земјоделско земјиште, пренесе „Хина“. Во случајов, според новинарите, станува збор за судир на интереси, односно за корупција, бидејќи хотелот кој ја издал сметката во времето кога во него престојувал министерот бил во сопственост на лице поврзано со споменатиот земјоделски комбинат.

Read More

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од вечер на полноќ се зголемува цената само на eкстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), а цената на бензините и на дизелот останува иста. Одлуката на регулаторите вели дека ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава по 81,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 83,5 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) по 82,5 денари за литар, а мазутот М-1 НС и натаму ќе чини 51,599 денари за килограм. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 2 денари и сега ќе се продава по 82,5 денари/литар. Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените…

Read More

Општината Нова Варош во Србија утринава ја зафатија снежни врнежи кои им предизвикаа проблеми на жителите од планинските села, патиштата на некои места се целосно затрупани. Надлежните екипи се на терен и работат на чистење на патиштата, иако сезоната на зимското одржување заврши. „На Златар од утрово има речиси половина метар нов снег. Засега снабдувањето со електрична енергија е во ред, но големо количество снег останува на далноводите и се стравува дека доколку продолжат врнежите, може да има уште поголем проблем. Полицијата го регулира сообраќајот и ги исклучува оние возачи кои тргнале на оваа делница без соодветна опрема“, вели Радосав…

Read More

Владата на Ковачевски ќе им излезе во пресрет на бранителите кои бараат да се укине присилната наплата од страна на извршителите на обештетувањето што им беше исплатено поради трауми претрпени за време на воениот конфликт во 2001 година. Бранителите и по 20 години од војната освен со лузните од воениот конфликт, се борат и со извршители, откако Врховниот суд пред неколку години ја поништи првостепената судска одлука за исплата на нематеријална штета на припадниците на безбедносните сили . На прашање на Нова дали и кога бранителите може да очекуваат позитивно решавање на иницијативата на здружението „Достоинство“ од Министерството за одбрана…

Read More

Преквалификацијата, која ја направи основниот јавен обвинител на завршните зборови во случајот Тамара, во кривично дело за кое настапи апсолутна застареност за кривично гонење, ги сруши сите шанси за понесување одговорност за смртта на девојчето, кое почина чекајќи одлука од надлежните институции за лекување во странство, реагира Хелсиншкиот комитет за човекови права. На денешната јавна расправа, при давање завршни зборови, основниот јавен обвинител Анел Фидовски, направи правна преквалификација, односно промена на обвинителениот предлог, а за тројца обвинети се откажа од кривично гонење. Јавниот обвинител се откажа од кривично гонење за директорите на Фондот за здравствено осигурување на РСМ и претседателката…

Read More

Обвинителството реши да не ги гони поранешните директори на Фондот за здравство за смртта на Тамара Димовска од Велес, објави Телма. Обвинението против директорите од тоа време Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази денеска е повлечено, како и тоа против претседателката на Управниот одбор на фондот во тоа време, Елена Трпковска. Тамара почина во 2015 година на осумгодушна возраст додека за неа се водеше процедура да и биде одобрена операција во странство. Операцијата не можеше да се изведе во Македонија и затоа се водеше постапка девојчето да се лекува во некоја странска болница на држвна сметка. За другите лекари што…

Read More

Се воведува нов начин на оценување на работата на судиите со кој се очекува да се врати и довербата во судската професија. Едноставно, со внесување на податоците за конкретен предмет, самиот систем ќе ја одреди оценката за судијата, а не тоа да го прави човечки фактор, вели Судскиот совет. Имплементацијата на Методологијата за квалитативно оценување на судиите и на претседателите на судовите продолжи со обука на судии кои се членови на комисиите формирани од Судскиот совет. Во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи денеска во Скопје се обучуваат судии од Врховниот суд, судии од апелационите судови, како и…

Read More

Во магацинот на охридската полиција се чувале патрони за солзавци дури од далечната 1950 година со употребна вредност до седумдесетите години, велат полициски извори од истрагата која е во тек откако во саботата во објектот лоциран во старата касарна во Охрид биле украдени солзавци и други предмети кои биле предвидени за расходување. Освен солзавци биле украдени и шок бомби какви што сега не се користат, а кои досега не биле расходувани. На нашето прашање зошто некој би украл неупотреблива и застарена опрема и зошто досега не биле уништени нашите извори велат дека тоа треба да го открие истрагата што ја…

Read More

Претседателот на судечкиот совет во случајот за сообраќајната несреќа кај „Сити мол”, при одмерување на казната се водел исклучиво од постоечките законски одредби кои ги регулираат овие кривични дела, сите отежителни околности поврзани со загубата на млад живот, зачестеноста на конкретните кривични дела како и репресивното и превентивното влијание на пресудата, велат од Основниот Кривичен суд – Скопје. Оттаму додаваат дека го почитуваат во целост уставно – загарaнтираното право на секој граѓанин за протест и волјата да го искаже своето незадоволство. – Воедно судот бил должен да ги земе предвид и олеснителните околности дека се работи за признание на вина…

Read More

Христијан беше ангел што одеше по земја, дваесет години го чував, се запиша на факултет, за да ми го земе пијаница кој сега е на слобода, а за мојот син ми велат нека почива во мир, како да почива во мир кога детето е убиено, расплакана и облеана во солзи не потсети на трагичниот настан од пред шест години мајката Данче Крстевска. Таа со транспарент во рацете на кој беа испишани имињата на сите млади жртви во сообраќајни незгоди дојде на протестот пред Кривичниот суд да ја сподели својата болка, но да оддаде сочувство и поддршка за растреперените од болка…

Read More

Незадоволен од висината на изречената кривична санкција, надлежниот јавен обвинител од скопското обвинителство денеска вложи жалба против првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за сообраќајната несреќа која се случи на 20 јануари во близина на трговски центар во Карпош. Надлежниот обвинител во образложението на жалбата до Апелацискиот суд во Скопје вели дека „судот не ја одмерил адекватно казната, бидејќи ги применил одредбите за ублажување на казната, иако не постоеле законски услови за тоа“. Според пресудата врз основа на признание на вина, на 11 април годинава, Основниот кривичен суд го огласи за виновен обвинетиот Ј.Ѓ. за кривично дело – тешки…

Read More