Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од вечер на полноќ се зголемува цената само на eкстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), а цената на бензините и на дизелот останува иста.

Одлуката на регулаторите вели дека ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава по 81,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 83,5 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) по 82,5 денари за литар, а мазутот М-1 НС и натаму ќе чини 51,599 денари за килограм.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 2 денари и сега ќе се продава по 82,5 денари/литар.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од полноќ на 21.4.2022 година.