Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Претседателот на Здружението за Македонско-бугарско пријателство Добре Митрев вели дека главната порака што сака да ја испрати откако пописот покажа дека во Македонија живеат 3.504 Бугари е дека тие треба да влезат во Уставот независно од бројката. На тој начин Македонија, вели Митрев, ќе покаже дека не им се прекршуваат правата на граѓаните кои можат слободно и без притисоци да се самоопределуваат, што не било случај, како што вели, на пописот затоа што добивал поплаки од граѓани кои се жалеле дека попишувачите им барале преку лична карта да ја докажат својата националност и не им дозволувале да видат што запишале…
Седум судии се разрешени во минатата година, од кои петмина поради несовесно и нестручно вршење на судиската функција, а двајца сториле потешка дисциплинска повреда, информира Павлина Црвенковска, претседателка на Судскиот совет. Во текот на 2021 биле поднесени 90 барања за утврдување одговорност за судија или претседател на суд, односно се барало да се утврди одговорност за 142 судии, а судскиот совет постапувал по 699 преставки. Црвенковска рече дека пред неколку седници имало дисциплински мерки за еден судија и за еден претседател кои се казнети со намалување на платите во рок од шест месеци. Претседателката на Судскиот совет не го откри…
Судскиот совет ќе бара мислење од Советот за етика и од координаторот за Основниот суд во Кавадарци за случајот „Палермо“ и одговорноста на судијата Лазар Нанев. Претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на денешната средба со новинарите објасни дека Советот нема надлежност за да го разреши Нанев затоа ќе бара за тоа да се произнесе Советот за етика, тело кое е надлежно да дава мислење во однос на прекршувањето на Етичкиот кодекс. – Како Судски совет ние не сме надлежни да испитуваме нестручно и несовесно работење на претседател на суд и да го разрешиме. Одлучивме да го задолжиме координаторот што…
Синдикатот на УПОЗ денеска донесе одлука за одржување на протести во управата и правосудството со кој ќе се искаже незадоволството поради не усогласувањето на сите плати со порастот на минималната плата. Протестите ќе се одржат на 7 април в четврток и на 8 април в петок во времетарење од два часа од 10 до 12 часот пред секоја институција. – На седницата на претседателството на Синдикатот на УПОЗ, беше подготвен и амандман на Предлог законот за изменување на Законот за административни службеници кој треба да се донесе по скратена постапка, односно со амандманот барањето на Синдикатот на УПОЗ е усогласување…
Народниот правобранител Насер Зибери ќе предложи измени на регулативата за испорака на електрична енергија во делот на обврската за отчитувањето на броилата, откако голем број граѓани се пожалиле дека добиваат високи сметки за струја која не ја потрошиле, а ЕВН им наплатува авансно. Од Канцеларијата на Народниот правобранител најавуваат дека во наредниот период оваа иницијатива ќе има приоритет, а првиот чекор што планираат да го направат е предлогот да го достават до Регулаторната комисија. Народниот правобранител вели дека граѓаните најчесто реагираат затоа што еден месец плаќаат високи сметки, кои следниот месец им се намалуваат, но дека ваквата пракса им предизвикува…
Уставниот суд ќе поведе постапка за оценување на уставноста на член 12 од законот со кој компанијата „Бехтел и Енка“ се номинира за стратешки партнер за изградба на дел од Коридорите 8 и 10 во земјава. Како што е познато, оспорениот член 12, меѓу другото, се однесува на „просек 60 часа работа неделно во текот на годината“, а е опфатен во предмет поврзан со изградба на инфраструктурните Коридор 8 и Коридор 10. „Уставниот суд по расправата на денешната седница одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на член 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за…
Граѓаните минатата година најмногу се жалеле и барале заштита на своите права во областа на правосудството, потоа детските права, а на трето место се потрошувачките права, вели народниот правобранител, Насер Зибери кој го презентираше Годишниот извештај за степенот на обезбедување почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година. Народниот правобранител, минатата година добил 2. 686 претставки, 389 предмети биле пренесени од претходната година, односно, бројот на предмети кои ги разгледувала оваа институција во 2021 година изнесувал 3. 075. – Најголемиот број на примените претставки се однесуваа за заштита на правата од областа на правосудството 436 што…
Новиот воспитно-поправен дом во тетовското село Волковија е речиси празен, а малолетнички спрема кои се применуваат воспитни мерки се сместени во женското одделение во затворот „Идризово”, иако не смеат да се таму, затоа што се загрозени од возрасните, предупреди народниот правобранител Насер Зибери кој денеска го презентираше годишниот извештај за работата на Омбудсманот. Тој најави дека ќе бара од надлежните во затворот „Идризово“ да се преместат девојчињата во тетовскиот поправен дом во кој се сместени 22 деца и момчиња. Зибери забележа и дека од почетокот на годинава не бил одржан ниту еден училишен час во домот. Народниот правобранител вели дека…
Полицијата информира дека денеска во 12.30 часот, на подрачјето на Аеродром ја лишија од слобода С.М. (53) од Скопје, барана со потерница, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР соопштија дека таа е барана по централна потерница од Основното јавно обвинителство за истрага поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 239 од Кривичниот законик „даночно затајување“. Лицето, како што информира полицијата, било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.
Претседателот на Советот на Јавни обвинители Антонио Јолевски вели дека во неколку наврати досега барал ова тело да има поголеми надлежности во врска со санкционирањето на обвинителите кои се огрешиле во својата работа ,откако неодамна двајца обвинители се суспендирани, а други двајца ќе добиваат помала плата во наредните четири месеци. Станува збор за обвинители од Скопје, Тетово, Битола и Ресен, а во тек е и постапка против обвинител од Охрид. Јолевски за Нова ТВ вели дека за ова прашање неодамна разговарал и со министерот за правда Никола Тупанчевски затоа што очигледно треба да се внесат измени во законот, со кои…
Поради санкциите воведени против Русија, вработени во руската национална авиокомпанија „Аерофлот Ерлајнз“ во Хрватска добија отказ. Последниот лет на компанијата меѓу Загреб и Москва беше на 27 февруари. По тој датум сите летови беа откажани, а сега и сите вработени во компанијата добија отказ, пишува порталот „Croatian Aviation“. Според порталот „Индекс“, „Аерофлот“ во Хрватска има две филијали што работеа дури и за време на пандемијата од коронавирусот. Се наведува дека пред украинската криза, руската авиокомпанија во Хрватска бележеше одлични резултати на летот Загреб – Москва.
Скопјанецот Денис Димовски бара Уставниот суд да исправи неправда со која се соочил кога тропнал на вратата на општината Ѓорче Петров за да побара парична помош за новороденче. Државата, за прво новороденче доделува 5.000 денари, а висината на еднократната парична помош за второ новороденче изнесува 20.000 денари. Право на еднократна парична помош за новороденче според Законот за заштита на децата има еден од родителите, државјанин на Република Северна Македонија, со постојано место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територијата на државата до денот на раѓањето на детето. Димовски, во иницијативата што ја поднел до Уставниот суд го…