Author: НОВА ТВ Mitreska

Универзитетот Калифорнија (UCLA) се согласи да плати отштета од речиси 244 милиони долари за околу 200 жени кои го обвинуваат поранешниот гинеколог Џејмс Хепс во кампусот за сексуален напад. Во спогодбата, се опфатени 203 жени кои изјавиле дека д-р Џејмс Хепс ги допирал, симулирал сексуален однос со ултразвучна сонда или давал несоодветни коментари за време на прегледи во Студентскиот медицински центар или во неговата канцеларија во кампусот за време на неговата 35-годишна кариера. Деталите не се објавени. Во стотици тужби се тврди дека УКЛА намерно ја сокрила сексуалната злоупотреба на пациентките на Хепс и му дозволила да продолжи да има…

Read More

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ги повикаа компаниите и оваа година да дадат поддршка на спортските субјекти преку реализација на спортските ваучери. За возврат тие ќе добијат даночното ослободување. – Инвестирањето во спорот со цел подобрување на условите за развој на секој спортист е наша заедничка определба и заложба. УЈП во соработка со АМС изминатите три години дава поддршка на клубови, федерации и индивидуални спортисти со цел остварување успеси и добри резултати. Интересот е голем, мерката е сé повеќе прифатена. Врз основа на ваучер доделен од АМС…

Read More

  Пратеникот на СДСМ Јован Митрески за „Утрински брифинг“ истакна дека состојбата во Собранието, не само во врска со именувањето на нови уставни судии на испразнетите места, туку и за низа други прашања се должи на тоа што формирањето на новото мнозинство не е пресликано во собраниските тела и комисии. – Имаме седум комисии, меѓу кои комисијата за избори и именувања, комисијата за одбрана, за локална самоуправа каде што мнозинството не соодветствува на она што е вистинско мнозинство во Собранието, нагласи Митрески, додавајќи дека според се што важело досега, постојат коефициенти, кои ги изработуваат собраниските служби и таму стои која…

Read More

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11 до 16 часот во рамки на спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците, санкционирани се 318 пешаци. При тоа, информираа од МВР, 250 се за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 44 за минување на црвено светло…Од нив 156 на територија на СВР Скопје, 41 на територија на СВР Битола, 31 на територија на СВР Тетово… За време на контролата регистрирани се и 139 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Read More

По кратко боледување вчера во Скопје почина Фарук Омерагиќ, актуелен претседател на Градскиот пливачки сојуз на Скопје и долгогодишен спортски работник и активист во областа на културата и уметноста. Преку Градскиот пливачки сојуз на Скопје тој им помогна на многу македонски пливачки надежи, додека неговата богата биографија е исполнета и со други ангажмани во минатото – беше редок познавач на коњичките спортови и поранешен член на Управниот одбор на таа федерација,  но исто така и поранешен спортист – кошаркар. Фарук Омерагиќ, роден на 16 февруари 1952 година, во својата професионална кариера беше истакнат општествен работник и организатор на многу манифестации…

Read More

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска која вчера испрати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери со барање во најскоро време да се изберат нови четворица уставни судии, ја размрда политичката арена во која партиите, повеќе од три месеци ги кријат своите адути во надмудрувањето за политичка доминација на власта и опозицијата. Собранискиот претседател Талат Џафери тврди дека поради опструирање на работата на Комисијата за избори и именувања, законодавниот дом не може да избере нови уставни судии. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак порачаа дека ако власта има на ум да предлага партиски и политички решенија, како што е самата Кацарска, не…

Read More

Министерството за правда во врска со измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и реакциите поврзани со формулацијата „негативно мислење“, објаснува дека интенцијата на работната група со ваквата формулација била во насока дека негативното мислење се однесува на нарушувањето на чест и углед во контекст на омаловажувачкото и понижувачко мислење, а не надвор од тоа. Како што објаснуваат надлежните, членот 6 став 1 би гласел: „за навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое…

Read More

Европската инвестициска банка (ЕИБ) минатата година инвестирала вкупно 853 милиони евра во државите од Западниот Балкан, наменети за одржлив развој, зелена транзиција, дигитализација и за поддршка на малите бизниси. За малите и средните претпријатија се инвестирани 560 милиони евра како помош за одржување на ликвидноста, инвестициите, задржувањето на работните места и создавањето на нови можности за вработување. Минатата година, ЕИБ ставила на располагање и 257 милиони евра за заштита на животната средина, побезбедни и ефикасни енергетски мрежи, одржлив транспорт и воведување на климатски погодни проекти меѓу малите компании. – Заедно со Европската комисија и другите партнери, ЕИБ планира да ја…

Read More

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во својот кабинет ја прими амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Н.Е. Анке Холштајн. На средбата, германската амбасадорка посакувајќи ѝ успешно реализирање на поставените цели за време на мандатот, со вицепремиерката Грковска разговараа за повеќе актуелни прашања, со фокус на целите и реализацијата на визијата за унапредување на принципите на добро управување, одговорност, отчетност, транспарентност и чесно работење. Вицепремиерката Грковска истакна дека нејзина најголема определба е остварување на процесите кои се клучна алатка во борбата против корупцијата, меѓу кои дигитализацијата односно воспоставувањето на електронски…

Read More

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во Клубот на пратеници во Скопје го означија завршувањето на воспоставувањето и подготовката на системот за радио комуникација ТЕТРА развиен со значителна помош од ЕУ. ТЕТРА е еден од светски применети стандарди во комуникациските системи, наменет за употреба од страна на полицијата, противпожарните служби, службите за итна медицинска помош и разните спасувачки служби. – По петнаесет години имплементација и инвестиција од 22 милиони евра во опрема и вештини, Министерството за внатрешни работи сега може да работи со напредни комуникациски алатки, стои во денешното…

Read More

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, денеска испрати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во кое изрази загриженост за состојбата со намалениот број на судии и побара претседателот, да го заложи својот авторитет и во Собранието да се изберат нови четворица уставни судии во најскоро време. Во писмото, Кацарска наведе дека е отежнато фунционирањето на Уставниот суд поради тоа што во него има само петмина судии, иако Уставот предвидува полниот состав на Судот да биде со девет судии. Кацарска наведува дека таквата состојба влијае при одлучувањето кога често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што…

Read More

Наместо да биде лидер на европската интеграција на Северна Македонија, Бугарија нема интерес да ја обиколи соседната држава со нов берлински ѕид, вели во изјава за „Еурактив“ бугарскиот професор Иво Инџов, експерт за политички комуникации. Според него, Бугарија не може да си дозволи да го блокира својот западен сосед долго време бидејќи тоа ќе создаде нов антибугарски бран во македонското општество. Инџов исто така смета дека бугарскиот премиер Кирил Петков е во право дека со интензивирањето на економската соработка, може да се создаде атмосфера на доверба меѓу двете држави. Бугарскиот професор по историја Стефан Дечев, пак, верува дека надворешната политика…

Read More