Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лукаревска: На компаниите што донираат во спортот им се намалува данокот на добивка

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 9, 2022 11:13

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ги повикаа компаниите и оваа година да дадат поддршка на спортските субјекти преку реализација на спортските ваучери. За возврат тие ќе добијат даночното ослободување.

– Инвестирањето во спорот со цел подобрување на условите за развој на секој спортист е наша заедничка определба и заложба. УЈП во соработка со АМС изминатите три години дава поддршка на клубови, федерации и индивидуални спортисти со цел остварување успеси и добри резултати. Интересот е голем, мерката е сé повеќе прифатена. Врз основа на ваучер доделен од АМС на компанијата која донира во спорот и се намалува данокот на добивка, изјави Лукаревска на денешната прес-конференција.

Таа информира дека во 2019 година 640 компании донирале над 493 милиони денари на 377 спортски субјекти. Во 2020 година 686 компании реализирале ваучери преку 547 милиони денари на 626 спортски субјекти. Минатата година 601 компанија им поделиле на 689 спортски субјекти преку 400 милиони денари по основ на спортски ваучери.

Компании кои донирале се од различни дејности, а процедурата за донација е пропишана со правилник и се одвива целосно електронски преку е-даноци системот на УЈП.

Мојсовски е задоволен од досегашната искористеност на ваучерите.

– Мерката ваучер систем ги дава своите резултати. Сé повеќе компании покажуваат интерес да ја користат оваа мерка и со тоа го поддржуваат македонскиот спортот. На нашите спортисти од големо значење е ваквата институционална поддршка. И во време на пандемија бележиме раст на реализација на мерката, фантастични 95 проценти реализација. 885 спортски субјекти ги почувствувале бенефициите од мерката ваучер-систем. Преку овој систем спортистите, клубовите и федерациите имаат сигурен партнер во финансирање на нивните програми, овозможување подобри услови и постигнување подобри резултати. Исто така се зголемува мотивацијата на стопанските субјекти за помагање на спортот. За иднина во соработка со УЈП планираме да изнајдеме модел за полесно реализирање на ваучерите, што би значело средствата да се слеваат директно кај спортските субјекти, истакна Мојсовски.

донации Лукаревска спорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.