Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Речиси 40.000 мигранти се обиделе илегално да влезат во Полска од Белорусија минатата година, соопшти полската гранична служба. Вкупно 44 лица се обиделе илегално да ја преминат полско-белоруската граница на последниот ден од 2021 година, се наведува во соопштението. Во 2021 година се регистрирани дури 39.700 обиди за илегално преминување на границата, од кои 1.700 во декември.
Недела со закон од денеска е прогласен за неработен. Според владините проценки, неделата сега ќе биде слободен ден за 92 отсто од работниците. Намерата на законските измени со кои неделата беше прогласена за неработен ден е, како што беше објаснето, да се воспостави рамнотежа меѓу професионалниот и приватниот живот на работниците како предуслов за мотивација и поголема ефикасност на работното место. Работниците во дејности кои не смеат да бидат прекинати поради техничко-технолошкиот процес ќе добиваат најмалку 50 отсто повисок дневен додаток за работа во недела и слободни денови, кој ќе можат да го користат во наредните седум дена.…
Претпладне времето ќе биде со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и над просечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени. Во Скопје, претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.
Турција ги зголеми цените на струјата за 50-100% за домаќинствата и компаниите и повторно ги зголеми месечните сметки за природен гас. Ова дополнително ја оптоварува економијата, која се соочува со зголемена инфлација. Регулаторното тело за енергетскиот пазар соопшти дека цените на електричната енергија се зголемени за околу 50 отсто за домаќинствата со помала побарувачка до 2022 година, додека за повеќе од 100 отсто се зголемени за комерцијалните корисници со висока побарувачка, пренесува Ројтерс. Цените на природниот гас скокнаа за 25 отсто за станбени и 50 отсто за индустриска употреба во јануари, објави националниот дистрибутер БОТАС. Исто така, зголемувањето од 15%…
Првиот случај на „флурона”, односно истовремена зараза со коронавирус и грип, е забележан во Израел. Станува збор за млада трудница со благи симптоми, која моментално е примена во болницата Беилинсон во градот Петач Тиква, јави Индепендент. Израелското министерство за здравство соопшти дека го проучуваат случајот за да утврдат дали комбинацијата од двете инфекции може да предизвика посериозно заболување. „Ѝ беа дијагностицирани грип и коронавирус веднаш штом пристигна“, изјави професорот Арнон Вижницер, директор на Одделот за гинекологија во болницата, за локалниот весник Хамодија. „Двата теста се вратија позитивни, дури и откако повторно ги проверивме“. „Болеста е истата болест; тие се вирусни…
Од денес, Белорусија воведе ембарго за увоз на широк спектар на прехранбени производи од земјите кои воведоа санкции против официјален Минск меѓу кои се најде и земјава, објави прес-службата на белоруската влада. „Списокот на стока со потекло од ЕУ и нејзините земји-членки, САД, Канада, Норвешка, Албанија, Северна Македонија, Исланд, Обединетото Кралство, Црна Гора, Швајцарија, се забранети за увоз во Белорусија и продажба“, се наведува во документот, објавен неодамна на порталот за правни информации при белоруската влада.
Светот е пред третата година во борбата против коронавирусот, но добрите вести доаѓаат од Токио, Јапонија. Имено, тамошните научници забрзано работат на револуционерна вакцина која ќе гарантира доживотна ефикасност, објави порталот Japan Times, а пренесува Јутарњи лист. Постоечките вакцини поради падот на нивото на антитела бараат инјектирање засилувачи – т.н. бустер дози – а новата вакцина треба да му донесе голем пресврт на човештвото – покрај здравствените придобивки, може да доведе и до значителни финансиски заштеди – и тоа на глобално ниво. Мичинори Кохара, почесен професор на Метрополитен институтот за медицински науки во Токио, почна да размислува на почетокот на 2020 година за вакцина која, како онаа за…
Полска денеска го презеде едногодишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) со седиште во Виена. Шефот на полската дипломатија Збигњев Рау најави дека во фокусот на претседавањето на Варшава со организацијата која покрива земји од Ванкувер до Владивосток ќе бидат основните задачи на ОБСЕ. Претходно, Рау најави дека Полска ќе се фокусира на поддршка за решавање конфликти и помагање на граѓаните погодени од конфликти, како и на одговор на предизвиците по Ковид и зајакнување на соработката во рамките на ОБСЕ. Презентирајќи ги приоритетите на претседавањето со ОБСЕ во средината на минатата година, шефот на полската дипломатија потсети дека Хелсиншката повелба од…
Денеска во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека после полноќ во угостителски објект на подрачјето на Центар, Ј.П.(18) и нејзината 17-годишна другарка, двете од Скопје, биле физички нападнати од едно женско лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Франција денеска стапува во сила новиот закон со кој се забранува пластична амбалажа за повеќето овошја и зеленчук. Списокот на овошје и зеленчук вклучува краставици, праз, модри патлиџани и домати, како и лимони, јаболка, банани и портокали, врз основа на имплементацијата на законот од февруари 2020 година, со кој се прецизира листа од околу 30 видови на храна што мора да се продава без пластична амбалажа, пренесува Би-Би-Си. Во моментов ограничен број преработени овошја може да се продаваат во пластична амбалажа, како што е исеченото овошје, но тоа ќе биде укината до крајот на јуни 2026 година. Францускиот претседател Емануел Макрон ја нарече забраната „вистинска револуција“ и рече дека ја покажува посветеноста на…
Во изминатите 24 часа регистрирани се 435 нови случаи на ковид-19, со што бројот на активни случаи изнесува 5.135, а оздравени се 534 пациенти и шест лица се починати, информираат од Министерството за здравство. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 6.651 тестирање, а регистрирани се 435 нови случаи на КОВИД-19 и тоа: Скопје – 214, Битола – 36, Охрид – 25, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Струмица – 12, Гевгелија и Ресен – по 11, Кичево и Неготино – по 9, Гостивар, Велес и Штип – по 7,…
Германија исклучи три од последните шест нуклеарни централи, фокусирајќи се на обновливи извори на енергија. Владата одлучи да го забрза постепеното исфрлање на нуклеарната енергија по хаваријата на реакторот во Фукушима во Јапонија во 2011 година, кога земјотрес и цунами уништија крајбрежен објект во најголемата нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил во 1986 година. Реакторите Брокдорф, Гронде и Гундреминген Ц, со кои управува од E. ON и RVE, беа затворени доцна синоќа по три и пол децении работа. Последните три нуклеарни централи – Исар 2, Емсланд и Некарвестајм II – ќе бидат затворени до крајот на 2022 година. Преусен Електра (Preusen Elektra), која управува со…