Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наскоро ќе има само една вакцина за цел живот, јапонските научници пред револуционерен подвиг

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 1, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: healio.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 1, 2022 17:49

Светот е пред третата година во борбата против коронавирусот, но добрите вести доаѓаат од Токио, Јапонија.

Имено, тамошните научници забрзано работат на револуционерна вакцина која ќе гарантира доживотна ефикасност, објави порталот Japan Times, а пренесува Јутарњи лист.

Постоечките вакцини поради падот на нивото на антитела бараат инјектирање засилувачи – т.н. бустер дози – а новата вакцина треба да му донесе голем пресврт на човештвото – покрај здравствените придобивки, може да доведе и до значителни финансиски заштеди – и тоа на глобално ниво.

Мичинори Кохара, почесен професор на Метрополитен институтот за медицински науки во Токио, почна да размислува на почетокот на 2020 година за вакцина која, како онаа за големи сипаници, ќе помогне да се искорени опасниот коронавирус.

Кохара веќе три децении работи на темата вирус вакцинија (vaccinia virus), кој се користел во вакцината против сипаници, а кој бил развиен во 1796 година од британскиот лекар Едвард Џенер. Неговата вакцина успешно искоренила заразна болест, а последниот познат случај бил пациент од Сомалија во 1977 година.

Во април 2020 година, Кохара, во соработка со Националниот институт за заразни болести, почна да го развива рекомбинантниот вирус вакцинија, кој го содржи шилестиот протеин на вирусот САРС-КоВ-2, предизвикувачкиот агенс на Ковид-19. Неговиот тим избра непатоген вид на вакцина наречена DIs, кој делува како исклучително ефикасен и безбеден вирусен вектор.

Револуционерната вакцина на Кохара може да произведе моќни неутрализирачки антитела во рок од една недела по имунизацијата и да понуди долготрајна заштита. И ако две инјекции од вакцината се дадат со разлика од три недели, неутрализирачките антитела се зголемуваат за дури десет пати. Вакцината, исто така, најверојатно ќе биде ефикасна против омикрон. Друга предност е нејзината способност да се чува долго време на собна температура.

– Оваа вакцина може да предизвика антитела и да создаде доживотен имунитет. Една инјекција ја задржува својата ефикасност повеќе од 20 месеци, а не постои друга вакцина која може да постигне такви ефекти, изјави Мичинори Кохара.

Јапонскиот производител на лекови Nobelpharma Co. планира да ги спроведе првата и втората фаза од клиничките испитувања на вакцината на Кохарин до почетокот на 2023 година. Студијата ќе вклучи 150 до 200 волонтери, вклучувајќи ги и оние кои го прележале вирусот и оние кои биле целосно вакцинирани. Доколку се потврдат ефикасноста и безбедноста, завршната фаза од клиничкото испитување треба да започне веднаш потоа, а комерцијализацијата на вакцината е закажана најрано за 2024 година.

Кохара исто така тврди дека неговата вакцина предизвикува многу помалку несакани ефекти. Тоа го поткрепува и фактот што вирусите во вакцината против сипаници се користеле повеќе од два века и биле безбедни.

Пред искоренувањето на големите сипаници во 1980 година, вакцината се користеше до 1976 година, а ја примаа речиси сите луѓе родени пред 1976 година.

Вакцина Јапонија Корона
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.