Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полска го презема претседавањето со ОБСЕ

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 1, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 1, 2022 17:37

 Полска денеска го презеде едногодишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) со седиште во Виена.

Шефот на полската дипломатија Збигњев Рау најави дека во фокусот на претседавањето на Варшава со организацијата која покрива земји од Ванкувер до Владивосток ќе бидат основните задачи на ОБСЕ.

Претходно, Рау најави дека Полска ќе се фокусира на поддршка за решавање конфликти и помагање на граѓаните погодени од конфликти, како и на одговор на предизвиците по Ковид и зајакнување на соработката во рамките на ОБСЕ.

Презентирајќи ги приоритетите на претседавањето со ОБСЕ во средината на минатата година, шефот на полската дипломатија потсети дека Хелсиншката повелба од 1975 година јасно ги промовира основните права, економскиот и социјалниот напредок, како и обезбедување услови во кои луѓето можат да живеат во мир, ослободени од закани.

Инаку, Полска официјално го презеде претседавањето од Шведска на 1 јануари, а тоа и формално ќе го направи со претставување на своите приоритети во средината на јануари на седница на Постојаниот совет на ОБСЕ.

Ова е втор пат Полска да претседава со ОБСЕ, откако веќе беше на таа позиција во 1998 година.

Покрај Полска, актуелен претседавач и последниот претседавач Шведска, во тројката на ОБСЕ ќе биде и Република Северна Македонија како иден претседавач со ОБСЕ.

Република Северна Македонија согласно одлуката донесена на Самитот во Тирана во декември 2020 година, ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Виена ОБСЕ Полска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.