Во изминатите 24 часа регистрирани се 435 нови случаи на ковид-19, со што бројот на активни случаи изнесува 5.135, а оздравени се 534 пациенти и шест лица се починати, информираат од Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 6.651 тестирање, а регистрирани се 435 нови случаи на КОВИД-19 и тоа: Скопје – 214, Битола – 36, Охрид – 25, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Куманово – 16, Струмица – 12, Гевгелија и Ресен  – по 11, Кичево и Неготино – по 9, Гостивар, Велес и Штип – по 7, Тетово – 6, Струга и Радовиш – по 5, Кочани – 4, Валандово, Богданци и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Делчево, Пробиштип и Дојран – по еден.

Регистрирани сe 534 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 233, Битола – 51, Прилеп – 32, Велес – 29, Кавадарци – 21, Охрид и Тетово – по 20, Гевгелија – 14, Куманово и Струмица  – по 12, Кичево – 10, Демир Хисар – 9, Кочани – 8, Штип – 7, Богданци и Македонска Каменица – по 6, Неготино, Валандово и Свети Николе – по 5, Струга, Радовиш и Виница – по 4, Гостивар, Пробиштип, Крива Паланка и Крушево – по 3, Ресен – 2, Делчево, Дојран и Демир Капија – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се шест починати лица:  2 починати лица од Скопје (60г  и 91г), и по едно починато лице од Кичево (76г),  Битола (69г), Македонски Брод (44г) и Дебар (80г).

Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се три починати лица, 2 од Скопје (47г и 67г) и едно лице од Кичево (87г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во домашни а едно лице во болнички услови.

Во изминатите 24 часа направени се 6.651 тестови, од кои во: ИЈЗ-326, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-124, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–7, ЦЈЗ Куманово-176, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–153, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-180, Биотек-351, Систина-40, лабораторија Лаор-1.062, Синлаб-158, Ремедика-9, Плодност-44, Генеа-9, Никоб лаб-625, ВФВ Медикал-166, Ели Медика-104, Ројал Медика–274, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб–61, Жан Митрев Струмица–47, Нова Лаб Дијагностика–16, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.437.

Досега во земјата се направени вкупно 1.604.163 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.484, бројот на оздравени пациенти е 212.380, на починати е 7.969, а бројот на активни случаи изнесува 5.135.