Author: НОВА ТВ Mitreska

Шест случаи на инфекција со мајмунски сипаници се потврдени во Словенија, сите пациенти имаат благи симптоми, пренесуваат словенечките медиуми. На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната хигиена и на хигиената на алиштата, како и да ги информираат сите со кои биле во контакт за болеста, се вели во упатствата на Националниот институт за јавно здравје. Симптомите обично исчезнуваат по две до четири недели и, генерално, не се фатални. Исто така, се наведува дека ризикот од инфекција за општата популација е низок. Првиот случај на мајмунски сипаници…

Read More

Од денес, етичкиот кодекс не постои. Денес СДСМ го оправда однесувањето на Џафери и односот кон администрацијата кој што го слушна целата македонска јавност, обвини Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, откако на собраниска комисија владејачкото мнозинство не го прифати предлогот да се расправа за пријавата на собранискиот спикер Талат Џафери. – Ова што денес го доживеа администрацијата и на денот кога се случи, тоа што се направи со заклучувањето на пратениците е нешто што се случува во секоја институција во целата држава, секој ден. Омаловажувањата, понижувањата, мобингот, непочитувањето е нешто што на дневна основа го доживуваат сите…

Read More

Со пет гласа „против“ и четири „за“ денеска на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања не беше прифатен предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, претседател на Собранието. Откако птретседателот на Комисијата Панчо Минов го прочита предлог дневниот ред петмина пратеници од власта гласаа против дневниот ред, додека четворица членови на опозицијата беа да се расправа за предлогот. Минов констатира дека не е прифатен дневниот ред и ја затвори седницата. Пријавата беше поднесена од пратениците Дафина Стојаноска, Антонијо Милошоски, Ели Панова, Рашела Мизрахи, Александар Николоски, Дајанчо Ефтимов, Александар…

Read More

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска. Ахмети и Генчовска разговараа за спорот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, решение кое ќе и даде зелено светло на нашата земја за почеток на преговорите со Европската Унија и одржување на првата меѓувладина конференција, додека земјата веќе ги има исполнето сите неопходни услови, информира ДУИ. Лидерот на ДУИ Ахмети на средбата изјавил дека секое одложување на решавањето на спорот меѓу Скопје и официјална Софија оди на штета на бугарската заедница во земјава. Претседателот Ахмети ги покани бугарските власти…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Собранието на Србија положи заклетва за нов претседателски мандат и порача дека очекува формирање на нова Влада до крајот на јули. Тој додаде дека косултациите со политичките партии ќе почнат штом ќе завршат формалните процедури во Собранието. – Моите приоритети во работата ќе бидат мир, стабилност, независност во одлучувањето, слобода на Србија, безбедност, здравје, Европа, работа, рече српскиот претседател. Неколку стотици граѓани се собраа пред Собранието за да ја проследат церемонијата преку видео бим. – Мораме да се занимаваме со новите санкции и случувања во кои можно е повторно да бидеме оштетени, па ќе…

Read More

Апелацискиот суд донесе одлука според која Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари. Апелациските судии го прифатија мислењето на Обвинителството за гонење организиран криминал дека Зеќири може да побегне или да влијае на сведоци. Осомничениот Зеќири на јавната седница во петокот рече дека нема намера да бега, и дека ако сакал да го стори тоа на располагање имал повеќе од една година. „Ниту имам намера, ниту имам зошто да бегам и да се кријам од органите на прогон. Сакам да напоменам дека бев во тек со  предистражната постапка поради функцијата…

Read More

Сојузот на синдикати на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) го повика наставниот и ненаставниот кадар, во четврток на 2 јуни во 10 часот пред платото на Ректоратот преку мирен протест да го изразат револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон вработените на скопскиот универзитет, а во врска со непотпишување на колективниот договор и барањето за поголеми плати. Протестот, како што велат од Синдикатот на УКИМ, е предупредувачки, но ако не им се исполнат барањата, не ја исклучуваат можноста за штрајк во време на јунската сесија со што во неизвесност може да дојде полагањето на студентите на…

Read More

Уставниот суд функционира на граница од кворум и многу луѓе се засегнати од предметите кои заостануваат, како што се законите за социјална заштита, за јавно обвинителство, за даноци и одлуки за оспорување на ДУП-ови, изјави претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, по денешниот работен состанок со претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери. – Апелирам Уставот да се почитува. Важни прашања, како што се Указот за прогласувањето на Преспанскиот договор и Законот за јазиците нема да бидат ставени на дневен ред на седница се додека не се изберат сите девет судии во Уставниот…

Read More

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денеска, ја поднесoa Интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието, Талат Џафери. – Оваа интерпелација е резултат на хаосот кој што се случува во Собранието, а е под директива на Џафери и како резултат на се почестото кршење на Деловникот, како и самоволието кое што го спроведува во законодавниот дом, со што сериозно го загрозува угледот на оваа институција, изјави Никола Мицевски, координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“. Тој му порача на Талат Џафери да ја стави оваа интерпелација на пленарна седница, а не како предходната…

Read More

Поранешниот претседател и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, на трибина организирана од Советот на амбасадори, оцени дека потписот за „заедничката историја“ со Бугарија и за формирањето на историската комисија бил грешка и дека, наспроти Преспанскиот договор со Грција, кој ги затвори спорните прашања меѓу двете земји, овој ја отворил Пандорината кутија и ги влошил билатералните односи со оваа земја уште повеќе. -Не би ставил знак на еднаквост меѓу Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство и соработка со Бугарија од најмалку една причина. Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку…

Read More

Панчо Минов, претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања закажа расправа за интепелацијата на Талат Џафери, собранискиот претседател поттикната од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ на 6 јуни. Опозицијата смета дека и колегите од другите партии треба да се одважат и да го осудат однесувањето на Џафери во Собранието со што ќе се овозможи да се донесат мерки како јавна опомена, затоа што сметаат дека станува збор за тешка повреди на етичкиот кодекс која може да повлече суспензија на собранискиот претседател до членување во работно тело од еден месец или забрана за претседавање со работно тело. Но,…

Read More

Кристијан Трајковски, организацискиот секретар на НСДП демантира дека се повлекол од битката за претседател, како што претходно објави извршниот одбор на партијата, повикуваќи се на одлука донесена на седница на која наводно партијата, сепак, на крајот решила на конгресот на 4 јуни да излезе со еден кандидат. – Секое кандидирање и евентуално повлекување на кандидатура е лично право на кандидатот, смета Трајковски. Тој обелодени дека во партијата поединци го злоупотребуваат партискиот мејл и тврди дека на тој начин ја дезинформираат јавноста. – Информирањето на јавноста во мое име, од страна на други членови на НСДП го сметам за манипулативно, неетичко…

Read More