Шест случаи на инфекција со мајмунски сипаници се потврдени во Словенија, сите пациенти имаат благи симптоми, пренесуваат словенечките медиуми.

На пациентите им се препорачува да останат дома и да се изолираат од другите луѓе, да внимаваат при одржувањето на личната хигиена и на хигиената на алиштата, како и да ги информираат сите со кои биле во контакт за болеста, се вели во упатствата на Националниот институт за јавно здравје.

Симптомите обично исчезнуваат по две до четири недели и, генерално, не се фатални. Исто така, се наведува дека ризикот од инфекција за општата популација е низок.

Првиот случај на мајмунски сипаници во Словенија е регистриран на 24 мај кај маж што допатувал од Канарските Острови.

Светската здравствена организација (СЗО) досега потврдила 780 случаи на мајмунски сипаници во 27 земји, а се верува дека оваа бројка ќе се зголеми.