Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Светлана Јовановска
Надежта доаѓа, стравот си оди. Сириза, Подемос – ние ќе победиме”, извика шефот на Подемос Пабло Иглесиас пред 8.000 приврзаници кои беа собрани во Валенција
Секоја измена треба да води сметка за меѓународните правила во областа на финансиските услуги, даночната транспарентност, компетитивноста, борбата против перењето пари и прикривањето на даноци, загрижено предупредува Брисел.
Сен е Марн и квартот Венсен во Париз се двете места каде што терористите држат во заложништво повеќе лица
Видеото е со вознемируваќка содржина. Според полицијата станува збор за вистинска командо операција. Лицата влегле во редакцијата и почнале да пукаат врз сите присутни. Нападот почнал во 11.30 а потоа имало и размена на оган со полицијата. Од снимките на пукањето се слушаат извици “Алаху Акбар“.
Во универзитетското образование во Белгија не постои државен испит на студентите. Уставот гарантира автономија на универзитетите а академската заедница ги утврдува методите на студирање и евалуацијата.
Знаеме дека има активности на руските тајни служби и на олигарсите на Балканот што е нездраво за кревките демократии на Балканот, вели во интервју за НОВА Клод Турмес, европратеник од Луксембург, член на Парламентарната комисија за енергија, истражување и индустрија
Оружјето- парализатор не би смеел да се употребува за растерување на толпа и може да убие човек доколку тој е под дејство на дрога и доколку има срцева патологија. Оттука, прашањето е дали полицаецот ќе побара здравствена потврда од лице пред да го употреби парализаторот?
Претседавачот со ЕУ италијанскиот министер Сандро Гози изјави дека брзината на ЕУ доближувањето зависи од секоја држава која сама го бира патот а Македонија треба да ги подобри правната држава, независноста на судството и слободата на медиумите, теми кои и понатаму се голема грижа за ЕУ.
ЕУ изразува “сериозна загриженост поради растечката политизација на државните институции и растечките недостатоци во однос на независноста на судството и слободата на медиумите”, се вели во заклучокот што на крајот на неделата треба да го усвојат европските лидери на својот Самит
Белгиската опозиција вчера гo напушти состанокот на парламентот и одби да и поставува прашања на владата во знак на протест поради тоа што не им било дозволено да му постават прашања на министерот за внатрешни работи за неговите врски со екстремната десница.
Јоханес Хан смета дека на Македонија мора да и се помогне да ја подобри својата економија и да ги подобри условите за живот на своите жители и уверува исто така дека во моментов трага по решение за спорот со Грција но одбива да каже детали за овој процес.
Седумнаесетти ноември 1989 година е денот на Кадифената револуција која ја почнаа чешките и словачките студенти и која донесе демократија и слобода во тогашната Чехословачка. Таа траеше повеќе денови а на улица излегоа 800.000 луѓе.