Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Светлана Јовановска
Европските политички партии определија свои кандидати за местото на Баросо. Но може да се случи никој од декларираните кандидати да не оди во ЕК, туку дека човекот за оваа функција повторно ќе го изберат лидерите на земјите членки. Самото тоа, за многумина, ова е еден вид «атентат» врз волјата на гласачите и самиот Лисабонски договор.
За ЕУ приоритет е економијата, силната трговска размена со Русија а решението е да се одржат дијалогот и соработката со Москва која нема намера да излезе од Крим. Европа и САД, заедно со Русија, ќе бараат начин, преку преговори, да ја смират тензијата. Нова студена војна не е на дневен ред.
“Свикав состанок на Северно-атлантскиот совет поради воената акција на Русија во Украина. И затоа што претседателот Путин и се заканува на оваа суверена нација”, рече генералниот секретар на НАТО според кој Русија ги нарушува принципите на ОН и им се заканува на мирот во Европа.
Од нас ќе се бара веднаш, уште во април, да направиме Национална програм со економски приоритети каде место треба да најдат инфраструктурата и енергијата. Потоа ЕК ќе испрати своја мисија и ќе направи препораки. Планот ќе се финансира преку новата ИПА програма на ЕУ за Балканот.
ЕК смета дека ниту една балканска земја не е функционална пазарна економија, дека невработеноста е висока а јавните дефицити и долговите се зголемуваат. Пречка за компетитивноста е политизацијата на пазарните принципи
ЕУ одлучи да засега да не го потпишува ветениот договор за асоцијација со Украина и да чека да поминат изборите закажани за 25 мај а условена со реформи е и финансиската помош за Украина.
“Ова што се случува во Украина не е револуција, не е конфликт, не е граѓанска војна. Ова е војна на Јанукович против неговиот народ”, рече пејачката Руслана во Брисел додавајќи дека денес оди во Киев каде ќе почне штрајк со глад доколку ЕУ не воведе санкции.
Министерот за европска интеграција Фатмир Бесими во Брисел изјави дека меѓународната заедница треба да им помогне на Македонија и Грција да го решат спорот со името.
Извештајот што го изработи Комисијата на ОН, креирана во мај 2013 година во Женева, вели дека “стотици илјади политички затвореници умреле во логори во последните 50 години”. Тие се елиминирани преку намерно спроведени гладувања, присилна работа, егзекуции, торура, насилни абортуси и убивање на деца
Двајцата претседатели нема да ги споделуваат љубовните маки туку ќе се свртат кон државничките прашања. Обама одлучи да му посвети посебна чест на Французот и го одведе на имотот Монтичело каде што живеел третиот американски претседател Томас Џеферсон, познат како франкофил.
Во многу земји членки проблем е интегритетот во политичкиот живот, не постои правилник за однесување кој би спречувал корупција а и таму каде што тој постои неговата примена не е силна, многу пропусти се забележани и во финансирањето на политичките партии а најмногу корупција има во тендерите.
Европските избори се закажани од 22 до 25 мај во земјите членки на ЕУ. Ова ќе бидат осмите европски избори кои се одвиваат во еден круг. На нив ќе се изберат 751 пратеник од 28 земји членки.