Author: НОВА ТВ Terziova

Предлогот требаше да го објави премиерот Димитар Ковачевски на веб страната на Влада. Бараме да го видиме предлогот на виделина, за јавноста да не биде подложна на шпекулации. Нема да прифатам промена на уставот, по цена на мојата политичка кариера, посочи вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.  „Лага е на Владата дека не биле запознаени со предлогот, лага е и тоа што ова сега го претставуваат како голем успех, а не сме го виделе и прочитале. Врз основа на информациите со кои ние располагаме се само два сменети збора, односно ако имавме нокаут на македонската дипломатија, сега имаме нокаут со…

Read More

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски на вонредната прес-конференција изјави дека одвивањето на самиот процес на пристапни преговори со ЕУ е дефиниран процес во рамките на Унијата, кој што е дел од стандардите. -Тој процес го водат земјите-членки на ЕУ. Во однос на протоколот, тој не е прв, тој е втор од Комисијата што работи на следење и спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тој е усогласен и детали ќе бидат презентирани од МНР. Протоколот нема да биде дел од преговарачката рамка. Откако ќе започне процесот на преговори и ќе биде усвоена преговарачката рамка, процесот се води од страна на земјите-членки…

Read More

„Официјално пристигна предлог од француското претседателство по нашата интервенција минатата недела во Брисел. Предлогот ќе биде соопштен откако ќе ги помине сите филтри во институциите. Ќе следи широк процес во кој ќе бидат вклучени претседателот и опозицијата“, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата после владината седница на која се разгледуваше францускиот предл Ќе има широка консултација, со партиите, граѓанските организации и експерти. Ковачевски повика сите политички актери да се воздржат од шпекулации. Вети дека ќе бидат транспарентни. „Нашите забелешки се содржани во овој предлог кој го имаме во МНР. Историските прашања не можат да бидат дел од преговарачката рамка“, рече…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски ќе одржи прес-конференција во 20 часот и 30 минути, најави Владата. Ова е прво обраќање на Ковачевски во јавноста околу новиот текст на францускиот предлог за деблокирање на македонските евроинтеграции, кој денеска пристигна во Скопје. https://www.youtube.com/watch?v=TRm9p-uiOXQ

Read More

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за бугарските медиуми изјавила дека таа не ја донела одлуката и не ја потпишала нотата за протерувањето на 70-те руски дипломати. На прашањето кој го направил тоа, таа одговорила: „Контактирајте го премиерот. Имавме инструкции од шефот на неговиот кабинет со две писма. Тие се депонирани во Народното собрание со печат „Доверливо“. „Нотата на амбасадорката Елеонора Митрофанова за дипломатите е испратена во писмо до премиерот, во кое се бараат и инструкции. Се уште не се примени во МНР“, изјавила Генчовска. Денеска стана јасно, пишуваат бугарските гласила, дека руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова,…

Read More

Српската полиција телото на Иван Стојановиќ (40) од Велико Трњане кај Лесковац го пронајде во буре, полиено со бетон. Извршител на грозоморното убиство со секира е неговата сопруга Биљана (38) која пред неколку дена изврши самоубиство. На денот на нејзиниот погреб добиена е дојава дека телото на нејзиниот сопруг е закопано во семејната куќа. Очевидци велат дека телото на Иван Стојановиќ било пронајдено во буре, бетонирано во „чучната положба“, но дека веројатно поради бетонот не му паднал ниту еден дел од телото, иако било таму три години. -Кога го отстраниле малтерот, видливи биле повреди со сечило по целото тело, слични…

Read More

Италијанската полиција Guardia di Finanza уапсила албанска брачна двојка и запленила вистинско богатство, кое се состоело од околу пет милиони евра, вклучувајќи пари во готовина, златни монети и луксузни часовници. Акцијата следувала по неколку истраги на брачниот пар кој бил под истрага за даночни кривични дела, 49-годишен бизнисмен и неговата сопруга, по што инспекторите наредиле претрес во нивниот дом. -Во првите проверки, агентите пронашле само 64 илјади евра. Вистинската пресвртница во истрагата се случила кога било ангажирано „куче за пари“ Гризби, тренирано да препознава мирис на банкноти. Лабрадорот, открил што не можеле да најдат полицајците. Зад дрвениот ѕид се криела…

Read More

Околу 100 лекари и друг медицински персонал во Клиничкиот центар кои ја достигнаа возраста за пензионирање, од денеска завршуваат со работа и покрај нивното барање да продолжат уште три години, пишува Алсат. Од Министерството за здравство велат дека работата по пензионирањето за дел од нив не може да продолжи бидејќи не го исполниле бројот на интервенции и не биле ефикасни при медицинските третмани. Министерот Сали вели дека сега се отвора можност за вработување на млади лекари. Од Синдикатот обвинуваат дека им се прекршуваат законските права, повикувајќи се на Законот за работни односи и Законот за здравствена заштита и најавуваат тужби.…

Read More

-Почнува тренд за пораст на ковид инфицирани лица и затоа Министерството за здравство освен што ќе ја следи ситуацијата, ќе упатува и јавни повици кон јавноста за зголемена внимателност и грижа за здравјето, изјави министерот за здравство Беким Сали. Министерот Сали предочи дека ако дојде момент за рестриктивни активности, изолација и вакницинирање, Министерството за здравство ќе упатува покани до јавноста за почитување на мерките. -Во овој момент во државата на располагање имаме 480.000 вакцини со рок на траење до крајот на годината и затоа ги повикувам граѓаните да се обратат во вакционалните пунктови низ државата и да се вакцинираат односно…

Read More

По повеќе од година и пол дена, денеска завршува кризната состојба во Македонија, предизвикана од пандемијата со вирусот ковид-19, соопшти Центарот за управување со кризи. Денеска е последен ден од оваа состојба, која Владата ја прогласи на 20 ноември 2020. Првично беше краткорочна, а потоа Собранието на три пати ја продолжуваше по шест месеци. „Центарот за управување со кризи известува дека рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2 и заради спречување…

Read More

Македонскиот шеф на дипломатија, Бујар Османи информира дека францускиот предлог прво ќе се претстави пред членовите на Владата, а ако може уште утре ќе се презентира пред јавноста. -Ќе се обидеме со премиерот и со другите членови на Влада за да во наредните денови сите институции, кои беа споменати во денешното соопштение од Владата бидат запознаени со предлогот. Имам мој став по однос на предлогот. Се надевам ќе биде утре пред јавноста и медиумите. Тоа што е важно е дека ги адресира забелешките кои што ги кажавме после работната верзија дистрибуирана пред земјите-членки. Мојот став прво ќе го кажам пред…

Read More

Премиерот на Албанија, Еди Рама преку Твитер реагираше во врска со предлогот на француското претседателство за прашањето Бугарија-Северна Македонија. Рама пишува дека и се дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија. -Последниот француски предлог, кој е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!, напиша Рама.

Read More