Околу 100 лекари и друг медицински персонал во Клиничкиот центар кои ја достигнаа возраста за пензионирање, од денеска завршуваат со работа и покрај нивното барање да продолжат уште три години, пишува Алсат.

Од Министерството за здравство велат дека работата по пензионирањето за дел од нив не може да продолжи бидејќи не го исполниле бројот на интервенции и не биле ефикасни при медицинските третмани. Министерот Сали вели дека сега се отвора можност за вработување на млади лекари.

Од Синдикатот обвинуваат дека им се прекршуваат законските права, повикувајќи се на Законот за работни односи и Законот за здравствена заштита и најавуваат тужби.

Од Синдикатот на Клинички обвинуваат дека некои директори на клиниките направиле селективни списоци, а се праќаат во пензија кадри и покрај тоа што има недостиг од медицински кадар.