Author: НОВА ТВ Terziova

Доколку Македонија не ја прифати подадената рака на Бугарија, ќе падне во целосна политичка и дипломатска изолација. Ова во интервју за БГНЕС го вели Петар Колев, претседател на партијата Граѓанско демократска унија. Тој рече дека македонските Бугари очекуваат дека Македонија ќе ја прифати раката на Бугарија за нејзината европска интеграција и овојпат ќе ги исполни сите обврски. Македонските Бугари се подготвени да работат на имплементација на овие европски заложби, бидејќи тие веќе не се само обврски кон Бугарија, тие се обврски кон Европската унија, рече Колев. Претседателот на Граѓанско-демократската унија ја повика македонската влада да ја реализира својата историска улога…

Read More

Работниците од јавниот сектор незадоволството ќе го изразат на улица, соопшти штрајкувачкиот одбор на претседателството на ССМ. Поконкретно, како што потенцираат од Синдикатот, в понеделеник, 27 јуни, од 7 до 10 часот ќе застанат на влезот на главниот град Скопје на раскрсницата во населба Автокоманда на булеварот „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна. Пораката ќе биде јасна за пратениците кои не даваат поддршка и глас за предлог амандманот на ССМ, зошто работниците не се задоволни од нивната продуктивност и ангажман за надминување на работничките проблеми, а…

Read More

Пожар вчера вечер се случил на Средно Водно. На 23.06.2022 околу 17.47 часот во СВР Скопје, вработен во фирма од Куманово, пријавил дека на Средно Водно, каде што фирмата извршувала градежни работи околу гасоводот, забележал дека настанал пожар на една работна машина, сопственост на фирмата. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил локализиран, а повредени лице нема, соопшти МВР. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Read More

Од Конфедерацијита на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска повторно се обратиле до сите пратеници во Собранието со цел, како што соопштија, прифаќање на амандманот кој што го поднеле преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а со којшто би се помогнало и на најсиромашните работници во приватниот сектор. Конфедерацијата бара на сите работници во приватниот сектор кои се со плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари, а тие со плати од 21.000 до 24.000 да добијат исто така парична помош три пати по 2.000 денари. За да се реализира тоа, како…

Read More

Италијанската полиција уапсила двајца млади Албанци, по потекло од Косово, осомничени дека подготвувале терористички напад во Италија, пренесе Топ чанел, повикувајќи се на италијанската новинска агенција АНСА. „На 15 јуни, италијанската специјална единица на карабинери (РОС) која истражува тероризам и организиран криминал, со поддршка на регионалната команда на Тренто, издала наредба за ограничување против двајца млади, момче и девојка, со албанско потекло, откако биле обучени да вршат насилни дејствија. Имено, планирале да извршат напад со експлозивна направа во Трентино во име на терористичката организација Исламска држава (ИД)“, наведува Топ чанел. Приведените се на возраст од дваесет години и се под…

Read More

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го поздрави гласањето во бугарскиот Парламент за францускиот предлог и рече дека процесот продолжува, јави дописничката на МИА од Брисел. „Сакам да го поздравам гласањето во бугарскиот Парламент кој отвора пат за укинување на ветото и отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија и со тоа напредок на албанското досие“, рече Макрон попладнево на прес-конференцијата во Брисел. Тој додаде дека по ова гласање во следните денови ќе продолжат размените на мислења со партнерите во Бугарија и Северна Македонија. Македонија со три, Бугарија со четири црвени линии за конечен француски предлог. Црвени линии за македонската…

Read More

Европската унија формира коалиција со НАТО за борба против Русија, изјави денеска во Баку рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорот со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов. „Кога започна Втората светска војна, Хитлер собра голем број, ако не и повеќето, европски земји под своето знаме за војна против Советскиот Сојуз. Сега, на ист начин, ЕУ и НАТО ја составуваат истата модерна коалиција за војна со Русија. Сето тоа внимателно ќе го анализираме“, рече Лавров на прес-конференција. Лавров ја најави втората билатерална средба за демаркацијата меѓу Ерменија и Азербејџан, што ќе се одржи во Москва и рече…

Read More

На прес-конференција оваа вечер, францускиот претседател Емануел Макрон ја истакна „историската“ одлука за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија. „Тоа е силна политичка одлука“, рече тој. ЕУ презеде „џиновски чекори“ за да ги подготви двете земји за кандидатски статус навреме за состанокот на Советот. „Му го должиме тоа на украинскиот народ“. Тој призна дека бугарското вето е неправедно за Македонија, која „направи толку многу“ во нивните напори да ги започне преговорите за пристап во ЕУ. Сепак, надежите се големи дека ветото ќе биде укинато откако ќе помине гласањето во бугарскиот парламент – или во петок или следниот понеделник. Во…

Read More

Северна Македонија, Грција и Албанија конечно ја започнуваат заедничката грижа за Преспанското езеро и ќе работат на унапредување на целиот регион. Денеска се одржа иницијалниот состанок на комитетот на управувачкото тело на Преспа парк и на работната група за управување со водите во информативниот центар Пили во Грција крај брегот на малото Преспанско Езеро, пишува Мета. Како што информираат од Македонското еколошко друштво, организација која долги години работи на различни проекти и истражувања поврзани со Преспанско езеро, за време на состанокот за прв пат по стапувањето на сила на Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на паркот Преспа ќе…

Read More

Во центарот на Скопје вечерва се запали вентилација од оџак во зграда. Ѕвонко Томески, командир на скопската бригада за противпожарна заштита вели дека пожарот е локализиран и нема опасност. Тој апелираше вентилационите канали да се чистат на време.

Read More

Дваесет и седум членки на ЕУ вечерва им доделија кандидатски статус на Украина и на Молдавија, објави во Брисел претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, нарекувајќи ја одлуката „историски момент“ во екот на руската агресија. „Договор. Европскиот совет штотуку донесе одлука за доделување статус кандидат за ЕУ ​​на Украина и Молдавија. Историски момент“, напиша претседателот на Европскиот совет на Твитер. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката, нарекувајќи ја „единствен и историски момент во билатералните односи“. https://twitter.com/CharlesMichel/status/1540037060807081986?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1540037060807081986%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fistoriski-moment-ukraina-i-moldavija-dobija-kandidatski-status-za-chlenstvo-vo-eu%2F

Read More

Американската пливачка во уметничко пливање Анита Алварес се онесвести за време на натпреварот на Светското првенство во Будимпешта и потона на дното од базенот. По брзата реакција на нејзината тренерка, Атина беше на време спасена. Пливачката потона на дното на базенот по изведба во финалето на уметничко лизгање. Тренерката Андреа Фуентес скокна во базенот за да ја спаси. „Многу се исплашивме, морав да скокнам бидејќи спасувачите не го направија тоа“, изјави Фуентес. Тренерката ја извлече онесвестената пливачка од дното на базенот и ја однесе на површината каде и помогнаа да ја извадат. „Се исплашив бидејќи видов дека не дише, но…

Read More