Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелираме до пратениците да покажат разбирање за македонскиот работник, велат од слободниот синдикат

0
By НОВА ТВ Terziova on June 24, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 24, 2022 17:22

Од Конфедерацијита на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска повторно се обратиле до сите пратеници во Собранието со цел, како што соопштија, прифаќање на амандманот кој што го поднеле преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а со којшто би се помогнало и на најсиромашните работници во приватниот сектор. Конфедерацијата бара на сите работници во приватниот сектор кои се со плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари, а тие со плати од 21.000 до 24.000 да добијат исто така парична помош три пати по 2.000 денари. За да се реализира тоа, како што информираат, се потребни милијарда денари од ребалансот на Буџетот.

Апелираат до пратениците, како што велат, да соберат сила и да покажат кон разбирање за состојбата во која што се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието. Најавуваат дека тој што ќе гласа против овој амандман ќе го сметаат за непријател на работниците.

Од КСС во соопштение велат дека во изминатиот период имале голем број активности во делот на исполнување на законските обврски и усогласувањето на платите на сите работници согласно покачувањето на минималната плата и Законот за минимална плата. Сведоци сме, наведуваат од Конфедерацијата, дека имаме многу малку почитување на законите така што работниците во овој период на голема инфлација, зголемени основни животни трошоци, проследени преку економска и енергетска криза која што ја тресе нашата држава, голем број од нив останаа со плати на исто рамниште, а не се во можност да ги сервисираат своите основни животни трошоци.

-КСС го подржува амандманот за линерано покачување на платите во јавниот сектор за да се ублажат ценовните шокови кои што се на грбот на работникот но исто така мислејќи на сите работници во државата предложивме, а пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ прифати да предложи амандман со што би се помогнало и на најсиромашните работници во приватниот сектор. Нашето барање е на сите работници во приватниот сектор кои што се плати од 18.000 до 21.000 да им се исплати парична помош од три пати по 3.000 денари и на оние со плати од 21.000 до 24.000 да се исплати парична помош од три пати по 2.000 денари за кои се потребни да се издвојат една милијарда денари од ребаланс на Буџетот, а целта е и овие работници да можат поспремни да ја дочекаат тешката зима која што ја најавува власта, наведува КСС во соопштение.

Денеска, дополнуваат, ги потсетивме повторно сите пратеници но еве и јавно апелираме до сите нив да соберат сила и да покажат кон разбирање за состојбата во која што се наоѓа македонскиот работник и овој амандман да биде усвоен во Собранието.

-Напоменуваме дека доколку кој било од пратениците е против овој амандман и гласа за негово отфрлување, КСС истите тие пратеници ќе ги смета како „непријатели“ на работниците, порачуваат од КСС.

економија КСС плата протест синдикати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.