Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Силно невреме проследено со град во попладневните часови го зафати црногорскиот главен град Подгорица. Град паѓаше десеттина минути, а врнежите проследени со грмежи и силен ветер направија голем сообраќаен метеж, јавуваат подгоричките медиуми. Според порталот „Дан“, во близина на „Унион бриџ“, на патот кон гробиштата Чепурци се соборени повеќе дрвја, а едно дрво паднало врз автомобил што бил паркиран таму. Сообраќајот во овој дел од градот е привремено во прекин. Градот, велат, направил големи штети на посевите во приградските населби. https://www.youtube.com/watch?v=Erd8SoLX_aQ
Лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов во „Само Интервју“ посочи дека тие практично го отфрлиле францускиот предлог, појаснувајќи дека за него требало да се иницира расправа во парламентот. -Мислам дека ние сме дел од тие партии кои не го поддржаа предлогот, ако нешто направивме е тоа дека спречивме да бидат загрозени нашите стратешки интереси, апсолутно не држи тоа дека идејата беше да ја срушиме владата, вели Трајанов додавајќи дека сите барања на Бугарија на суптилен начин биле вметнати во предлогот. Како што вели тој, на 19 јуни кога Ковачевски ги собрал лидерите на владините партнери на која средба се очекувало…
Матеј Илиевски, ученик во Основното училиште „Кочо Рацин“ од Куманово освои прво место на Државниот натпревар по географија во Скопје, што го организираше Здружението на професори по географија „Љубе Миленковски“, пишува kumanovonews.mk. Во силна конкуренција од целата земја, Матеј освоил најголем број на бодови на ранг листата и прогласен е за најдобар географичар на неговата генерација. Како награда за постигнатиот успех, тој и неговата менторка професорката Славица Николиќ добија лап-топи. „Ова е мојата најголема награда досега и мислам дека дојде во право време. Ова ми покажа дека вложениот труд се исплати и ми дава мотивација со ист интензитет да продолжам…
Пожарникарите и денес од копно и од воздух се борат со пожарот на југозападот на Турција кај познатото летувалиште Мармарис, откако огнот повторно се рашири поради високите температури и ветрот, пренесува Ројтерс. На снимките се гледа како чад се извива над ридот и возила со полициски водени топови кои им помагаат на пожарникарите, додека огнот се шири низ шумата во слабо населена област. Хеликоптери и авиони во текот на целиот вчерашен ден од воздух го гаселе пожарот, а властите кажаа дека денес повторно се вратиле по паузата во текот на ноќта. Турската управа за шумарство соопшти дека 27 хеликоптери и…
Предлог-одлуката предложена од лидерот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов за средување на односите меѓу Софија и Скопје беше усвоена со гласовите на ГЕРБ и МРФ од Комисијата за надворешна политика, јави известувачот на БГНЕС. Предлог-одлуката ја поддржаа 11 пратеници. Документот што беше изгласан се базира на предлозите дадени во проектот ГЕРБ. Утре предлог-одлуката мора да биде ставена на дневен ред на работата на Народното собрание, доколку „Продолжуваме со промената“ не предизвикаат проблем. Француската понуда е најдобрата што ја добивме досега. Најдобар е во споредба со португалскиот и германскиот. Ова го изјави министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска. Таа…
Германската влада е загрижена за претстојното сервисирање на големиот руски гасовод и се плаши дека протокот на гас нема повторно да започне, пренесува „Фајненшл тајмс“. Според списокот, минатонеделното намалување на протокот на гас од Гаспром за 60 отсто поради технички проблем со делови придонесува за стравувањата дека снабдувањето може целосно да биде прекинато, што доаѓа во време кога ЕУ се обидува да ги надополни резервите на гас пред зимската сезона. Гасоводот Северен тек на Гаспром се сервисира секоја година во средината на јули. Датумот на работите беше потврден на почетокот на месецов, односно од 11 до 21 јули, а германската…
„Во понеделник наутро ќе поднесеме оставка“ изјави премиерот Кирил Петков, чиј кабинет падна по вчерашното гласање, пренесува „БГНЕС“. За недоверба на владата предводена од Петков гласаа 123 пратеници, против се 116, воздржани немаше. Гласањето го поднесе ГЕРБ поради економските неуспеси на Владата. Петков престојува во Брисел каде што учествува на Самитот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан. Коментарот тој го даде пред бугарските новинари кои го чекаат. Шефот на државата ги започна консултациите со пратеничките групи за врачување на мандатот за формирање нова Влада откако премиерот ќе поднесе оставка од актуелната влада во Националното собрание. Постапката е во…
Огромното мнозинство членови на Парламентот на ЕУ го поддржа доделувањето кандидатски статус на Украина, Молдавија и Грузија. Гласањето се одржа во пресрет на самитот на Европскиот совет подоцна денеска и утре, на кој се очекува да се донесе одлука дали ќе се прифатат кандидатурите на тројца кандидати за членство. За резолуцијата гласаа 529 пратеници, 45 беа против, а 14 беа воздржани. На гласањето му претходеше пленарна седница во средата, по што беше објавено соопштение за медиумите во кое тој се залагаше да им се даде толку посакуваниот статус на трите земји. „Во светло на агресијата на Путин и посветеноста на…
По денешниот виртуелен самит, земјите од меѓународната политичка организација БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) ги поддржаа разговорите меѓу Русија и Украина, се наведува на веб-страницата на Кремљ, пишува хрватски „Индекс“. Русија се насочи кон партнерите во БРИКС за да ги замени трговските врски кои беа нарушени поради западните санкции, наметнати поради инвазијата на Украина. Путин денеска повика на посилна соработка меѓу земјите од БРИКС, додека Западот го обвини дека предизвикува криза со санкциите. „Само врз основа на искрена и заемно корисна соработка можеме да бараме начини за излез од кризната ситуација која се разви во глобалната економија…
Некој е нервозен БГНЕС гледам пак се занимава со мене, со како што ме нарекоа “корона вирусот” за бугарската политика. Потсетуваат на протокол на меѓувладината комисија одржана во време кога Софија го поддржуваше почетокот на пристапните преговори со ЕУ!, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. -Документот содржи охрабрување до Комисијата на историчарите да ја забрза својата работа вклучувајќи ги и најделикатните теми од најделикатниот историски период важен за двете држави. Се разбира, формулацијата не создава обврска, ниту правна ниту политичка, бидејќи политиката може само да охрабрува и да создава позитивен амбиент за историчарите. Па…
На 21.06.2022 во 20:20 часот на патот Скопје – с.Танушевци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци извршиле преглед на товарно возило „мерцедес’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В. од с.Танушевци, а совозач бил Н.Р. од с.Визбегово. Притоа, во возилото биле пронајдени повеќе грла добиток кои ги превезувале без потребната документација. По консултација со Јавен обвинител случајот бил преземен од Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. Возилото и добитокот биле одземени и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 22.06.2022 во 03.45 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(36) од Скопје пријавил дека околу 03.15 часот пред неговиот двор на подрачје на Гази Баба настанал пожар на неговото возило „ауди“. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.