Силно невреме проследено со град во попладневните часови го зафати црногорскиот главен град Подгорица.

Град паѓаше десеттина минути, а врнежите проследени со грмежи и силен ветер направија голем сообраќаен метеж, јавуваат подгоричките медиуми.

Според порталот „Дан“, во близина на „Унион бриџ“, на патот кон гробиштата Чепурци се соборени повеќе дрвја, а едно дрво паднало врз автомобил што бил паркиран таму.

Сообраќајот во овој дел од градот е привремено во прекин. Градот, велат, направил големи штети на посевите во приградските населби.