Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Протестите против францускиот предлог од утре ќе прераснат во блокади низ целата држава, беше најавено од еден од говорниците вечерва пред Собранието. Како што беше порачано, блокадите ќе бидат од 13 до 14 часот а за точките за собир јавноста ќе биде дополнително информирана. Протестот пред Владата веројатно ќе продолжи утре во 19 часот како што и беше случај во изминатите пет дена. Сашко Димовски
Ако западните земји сакаат да ја победат Русија, нека се обидат да го сторат тоа. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со лидерите на пратеничките групи во Долниот дом на рускиот парламент. „Денес слушаме дека сакаат да нѐ поразат на бојното поле. Што да кажам на тоа? Нека се обидат!”, изјави Путин. Тој потоа додаде дека Русија сѐ уште не започнала сериозни работи во Украина, каде што води голема воена офанзива од крајот на февруари. „Сите треба да знаат дека сѐ уште не сме ги започнале сериозните работи во Украина. Во исто време, не одбиваме…
Министерот за одбрана Бен Волас е фаворит кога станува збор за замена на британскиот премиер Борис Џонсон. Според нова анкета на ЈуГов (YouGov), каде беа анкетирани над 700 членови на Конзервативната партија, Волас се најде на првото место со 13 отсто поддршка. Веднаш зад него е министерката за трговска политика Пени Мордаунт со 12 проценти поддршка, јави Би-би-си. Дванаесет отсто од испитаниците гласале за „ниту еден од наведените“. „Моментално многу е тесна трката меѓу првото и второто место“, изјави за медиумот, Патрик Инглиш, придружниот директор на политичкиот и социјалниот истражувачки тим на ЈуГов.
Партијата Алијанса на Албанците денеска преку прес-конференција најави дека ќе ја прекине соработката со ВМРО-ДПМНЕ, откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го разреши од директорското место во скопски „Комуналец“, Зуди Кока, член на АА и брат на Цуфи Кока, кој синоќа пукаше пред плоштадот „Скендербег“. -Контаминацијата и метастазирањето на Левица во ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на заедничките сценарија на ДУИ и ВМРО како во времето на Груевизмот, сега со поддршка на ЛСДМ, лесно се читаат и се неподносливи за Алијанса за Албанците. Не дозволуваме да бидеме ниту дел, ниту жртви на вакви сценарија. Како резултат на последните случувања, ја прекинуваме соработката со…
Владата денеска соопшти дека до Собранието го проследила францускиот предлог за укинување на бугарското вето и почеток на преговорите со ЕУ. Како што е наведено, Владата ја разгледала информацијата од Министерството за надворешни работи за предлогот на преговарачката рамка за Северна Македонија, што ја презентираше француското претседателство со Европската унија. „Одлучено е предлогот за преговарачка рамка да се испрати до Собранието на Северна Македонија на разгледување и донесување дополнителни заклучоци, согласно собраниската процедура“, соопштија од Владата на премиерот Димитар Ковачевски. Во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, велат дека до нив е стигната „Информација за содржината на…
Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје денеска во полициска станица извршија службен разговор со С.Р.(34) од Скопје, кој беше идентификуван од страна на полицијата како лице кое за време на инцидентот во близина на споменикот Скендербег држел пиштол во раката, но не го употребил. Пиштолот ќе биде предаден за вештачење, а за случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
Еден од најпознатите албански, аналитичари, публицисти и новинар Кастриот Муфтарај, си го одзеде животот фрлајќи се од четвртиот кат од објектот каде што живеел, пишува албанскиот портал albaniandailynews. Полицијата потврди дека немилиот настан се случил во 12:55 часот во населбата „Али Деми“ во Тирана и додава дека во тек е увид. Од 28 септември 2017 година, ја водеше емисијата „Зборува Москва“, последната емисија на тема „План за атентат на сопственик на медиум“ беше на 17 јуни, од кога не бил виден во јавноста. -Целта на мојата емисија е да им ги откријам лагите што на народот му ги нуди политиката,…
Две девојки и едно момче учествувале во тепачка што се случила вчера околу пладне пред продавница во Драчево, соопшти полицијата. „На 06.07.2022 во Полициската станица Драчево, Ќ.З.(28) од с.Елово пријавила дека на 02.07.2022 околу 12.00 часот пред маркет на подрачје на Драчево била физички нападната од И.М.(30) од с.Арачиново, скопско и С.И.(25), женско лице од с.Љубин“, велат од МВР. Се работи на расчистување на случајот.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати апел до граѓаните и политичките партии. „Уште еднаш би сакал да упатам силен апел до граѓаните и политичките партии коишто сакаат да го искажат своето право на протест, истото да го сторат на начин преку кој ќе демонстрираат демократски капацитет, со должно почитување на законските одредби за јавни собири, како и почит кон должноста на полициските службеници во обезбедувањето на мирот и стабилноста. Сакам да бидете уверени дека никој нема намера да спречи право на мирен протест, тоа е она што се очекува во една демократија. Нападите коишто имаат за цел да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е убеден дека британската политика кон Украина нема да се промени во блиска иднина и покрај оставката на Борис Џонсон. Џонсон беше „вистински пријател на Украина“, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен, додавајќи дека Украина доби многу од таквиот однос со него, мислејќи првенствено на воената поддршка. Зеленски изрази надеж дека директно ќе разговара со Џонсон за да дознае повеќе детали за неговата оставка, пренесува Си-Ен-Ен.
Вчера попладне во 17.40 часот во ОВР Кичево било пријавено дека 24-годишниот Ј.Е. од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор сопственост на 69-годишниот Н.Г. од селото Србица, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што починал во болницата во Тетово, извести МВР. Увид бил извршен и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
Засега не се планираат нови мерки за заштита од коронавирусот. Состојбата се следи на дневно ниво и најмногу зависи од болничките капацитети и бројот на починати лица, изјави за МИА д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести. „Комисијата за заразни болести во изминатиот период најави дека мерките што ќе се носат, а ќе бидат во насока на превенција и ќе бидат согласно параметрите што ги следиме од Центарот за контрола за болести, а тоа не е само бројката на новозаразени, туку се и болничките капацитети, односно исполнетоста на болниците, како и бројот на починати што се регистрираат согласно…