Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Околу 8.000 евра чинела Ифтар вечерата што ја организираше актуелниот министер за здравство Беким Сали пред речиси еден месец во скопскиот хотел „Хилтон“, потврди тој во изјава за „Фокус“. Првиот човек во здравството до редакцијата на Фокус ја испрати и фактурата за тоа колку изнесува целокупната сума, на која може да се забележи дека тој ја платил сметката преку неговата приватна стоматолошка организација „Молар Дент“, каде што тој фигурира како сопственик. Според фактурата , на сите ифтарски вечери присуствувале 705 луѓе, а менито чинело 1.000 денари по човек со 30 посто попуст. Како што објави Фокус, биле приредени неколку ифтарски…
Ученик бил нападнат од наставничка во едно скопско училиште. На 12.05.2022 во 13.29 часот во СВР Скопје, Ф.К.(37) од с.Долно Свиларе, скопско, пријавила дека додека бил на училиште во с.Долно Свиларе нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од наставничката А.К. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција не може да ги поддржи плановите на Шведска и Финска да се приклучат на пактот, бидејќи скандинавските земји се „дом на многу терористички организации“. Планот на Финска да поднесе барање за членство во НАТО во четврток и очекувањата дека Шведска ќе го следи ќе доведат до проширување на западната воена алијанса, што рускиот претседател Владимир Путин имаше за цел да го спречи со започнување на инвазија на Украина. Турција официјално го поддржуваше проширувањето откако влезе во НАТО пред 70 години. Секоја одлука за проширување мора да биде донесена едногласно од членките. „Ги…
Меѓу петтемина загинати во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, има и еден државјанин на Македонија, објавија денеска словенечките медиуми. Како што соопшти Полициската управа на Љубљана, од останатите четворица загинати, двајца се Словенци, а двајца државјани на БиХ. Според словенечката полиција, загинатите „се уште не се идентификувани, но се знае дека тројца од нив се странци“. Началникот на Одделението за општ криминал при СВР Љубљана, Валтер Зрински изјави дека засега се уште не може да потврди дали причина за експлозијата е човечка грешка. -Службеници на криминалистичката полиција продолжуваат да вршат увид на местото…
Разбојници влегле во спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, при што со закана со нож кон вработената одзеле пари, соопшти МВР. „На 12 мај полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(22), Д.Ќ.(44) и малолетник, сите од Скопје. Тие се сомничат дека во 11.25 часот извршиле разбојништво во Спомен куќата на Мајка Тереза на ул.„Македонија“, при што со закана со нож кон вработената, одзеле пари“, соопшти полицијата. Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе…
Претседателот на СОНК Јаким Неделков пред новата средба на Министерството за образование и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) попладнево истакна дека очекуваат да се приближат со ставовите и, како што рече, конечно да завршат позитивно преговорите. -Оптимизмот постои од двете страни. Секако дека иделано решение не може да се најде, меѓутоа има простор за соодветно решение што ќе ги задоволи двете страни. Останува да видиме со какви резултати ќе излезме денеска. Ни остануваат уште неколку дена, но изгледно е и денеска да има позитивни сигнали за конечно решение, изјави Неделков. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири претходно…
Една изборна единица е вистински модел за Македонија. Ако има отворени листи, не треба да постојат коалиции, вели Павле Трајанов од Демократски Сојуз во „Клик Плус“ на ТВ21. „За тој систем не треба да брзаме. Клучно е меѓудругото, има решение во овој изборен закон кој го предлагаме, се разрешува прашањето на малите етнички заедници, се гарантира вклучена застапеност во Парламентот. Но има еден услов, мораат и тие да имаат најмалку гласови колку што се потребни за еден пратеник. Конкретно, ако има три турски политички партии, сите заедно имаат 10.000 гласа, таа што има најмногу, ќе влезе во Парламент, вели Трајанов.…
Вистинска драма се одвивала под Стариот мост во Мостар денеска попладне кога еден од туристите од Америка се обидел да скокне од Стариот мост и не успеал да исплива од Неретва. За среќа, мостарците Адмир Делиќ Гума и Али Хамза Дураковиќ, кои возат туристи на брод, со својата херојска постапка го спасиле младиот човек кој веќе изгубил свест. Двајцата биле заедно под Стариот мост и како што раскажува Дураковиќ, штом го виделе младиот човек како скока, знаеле дека нема да исплива. „За време на скокот летна напред и се удри во вода со стомакот, па така сам си го одзема…
Финската телевизија прикажа нови воени засолништа и скривници со фудбалски игралишта и кафулиња. Во нив има апсолутно место за целото население на градот кое би можело да се спаси дури и од нуклеарен удар. Тие се изградени да ги заштитат граѓаните буквално од секаков напад. https://twitter.com/kiborgzzz/status/1524743914111967235?s=24&t=6RLwmTwElz_Y0nm5Ltd8KA&fbclid=IwAR29vk8mv3u8qvh_VSSPp-4puQMd1CBrt8EUAA-qp6r0TVM95pFbctd-tY0 Според анкетите спроведени по рускиот напад на Украина, голем број фински граѓани го поддржуваат влезот на земјата во НАТО по долгорочната политика да не се меша со моќниот сосед со кој дели долга источна граница. И не само тоа, се чини дека финските граѓани доволно се плашат од Русија што дел од нив активно…
Насилник од Скопје, кој завчера во Центар нападнал негов сограѓанин и му го оштетил автомобилот додека во него биле сопругата и малолетното дете на жртвата, е уапсен денеска, соопшти МВР. „Денеска (12.05.2022) од страна на инспектори од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје од слобода е лишен Б.Н.(39), поради постоење основи на сомнение за кривично дело “насилство” по чл.386 од Кривичниот законик. Тој на 10.05.2022 на подрачјето на Центар физички го нападнал Д.Ј.(34) од Скопје и му го оштетил неговото патничко возило, додека во него биле сопругата и малолетното дете“, велат од полицијата. Во координација со Јавен обвинител на…
Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатот Лазар Јанев откри детали од процесот во случајот „Рекет“ во кој беше осудена Јанева. Во интервју за „А1он“ тој оцени дека пресудата била донесена без докази, како и дека како шефица на СЈО, неговата мајка трпела силни притисоци „од сите“. „Има што да каже, премногу собира за овој период, сметам дека има толку многу информации што едноставно може да експлодира од нив. Ми има кажано само дел. Има време, млада е уште, и да остане пресудата како што е, ќе дојде ден кога таа ќе каже што ѝ лежи на срце“, вели…
Парламентот на Албанија одби да усвои резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница. Вкупно 51 парламентарец гласаа против резолуцијата, а само 15 „за“. Албанија никогаш немала антиалбанец како премиерот Еди Рама. Ја згазивте крвта на 8.000 невини бошњачки мажи и деца. Гласавте да ги згазите животите на 100.000 косовски Албанци, оцени поранешниот премиер Сали Бериша. Тој, исто така го обвини дека е роб на српскиот претседател Александар Вучиќ и дека пратениците од владејачката партија гласале по негова наредба. Пратеникот Тритан Шеху рече дека ова е горчлив и грд ден за албанскиот парламент, пренесува сараевскиот портал Кликс. Ние сме единствениот парламент…