Вистинска драма се одвивала под Стариот мост во Мостар денеска попладне кога еден од туристите од Америка се обидел да скокне од Стариот мост и не успеал да исплива од Неретва.

За среќа, мостарците Адмир Делиќ Гума и Али Хамза Дураковиќ, кои возат туристи на брод, со својата херојска постапка го спасиле младиот човек кој веќе изгубил свест.

Двајцата биле заедно под Стариот мост и како што раскажува Дураковиќ, штом го виделе младиот човек како скока, знаеле дека нема да исплива.

„За време на скокот летна напред и се удри во вода со стомакот, па така сам си го одзема здивот и веднаш потона. Го баравме со чамец, но Неретва го однесе неколку стотини метри и непосредно пред Лучкиот мост ја видовме неговата рака и траката на неговата нога која беше флуоресцентна. Ние двајца успеавме да го извадиме од водата и бидејќи беше во несвест и голтна вода, моравме да го реанимираме“, изјави Дураковиќ за Klix.ba.

Така, благодарение на нивната брза интервенција и херојски чин спасен е еден млад човечки живот.

После тоа пристигнала брзата помош која несреќниот млад човек го однела во болницата во Мостар за да можат лекарите да го згрижат.

За среќа бевме тука и се се заврши добро, заклучи храбриот мостарски скокач Адмир Делиќ Гума.

Двајцата храбри Мостарчани како своја задача го гледаат своето херојско дело, кое освен зачувување на традицијата околу Стариот мост, ја вклучува и безбедноста на оние кои доаѓаат од кој било дел на светот.