Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонски државјанин меѓу загинатите во експлозијата во фабриката во Кочевје

0
By НОВА ТВ Terziova on May 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 13, 2022 16:29

Меѓу петтемина загинати во вчерашната експлозија во Фабриката за хемиски производи „Меламин“ во словенечкиот град Кочевје, има и еден државјанин на Македонија, објавија денеска словенечките медиуми.

Како што соопшти Полициската управа на Љубљана, од останатите четворица загинати, двајца се Словенци, а двајца државјани на БиХ.

Според словенечката полиција, загинатите „се уште не се идентификувани, но се знае дека тројца од нив се странци“.

Началникот на Одделението за општ криминал при СВР Љубљана, Валтер Зрински изјави дека засега се уште не може да потврди дали причина за експлозијата е човечка грешка.

-Службеници на криминалистичката полиција продолжуваат да вршат увид на местото на настанот за да им помогнат на форензичарите да ја утврдат точната причина што довела до овој немил настан, нагласи Зрински, додавајќи дека кога ќе имаат „издржани заклучоци“ од наодите ќе го известат надлежното Јавно обвинителство.

Експлозијата во Кочевје, гратче со околу 8.000 жители во јужна Словенија, се случи вчера околу 8.30 часот, по што надлежните на локалните жители веднаш им препорачаа да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор, иако нагласија дека нема опасност од загадување на животната средина.

Фабриката „Меламин“ е основана во 1954 година и вработува околу 200 работници, а името го носи по хемикалијата што ја произведува наменета за покривање на подови и мебел.

Македонија Словенија Трагедија фабрика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.