Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајанов би гласал за предвремени избори доколку се блокира една изборна единица

0
By НОВА ТВ Terziova on May 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 12, 2022 22:51

Една изборна единица е вистински модел за Македонија. Ако има отворени листи, не треба да постојат коалиции, вели Павле Трајанов од Демократски Сојуз во „Клик Плус“ на ТВ21.

„За тој систем не треба да брзаме. Клучно е меѓудругото, има решение во овој изборен закон кој го предлагаме, се разрешува прашањето на малите етнички заедници, се гарантира вклучена застапеност во Парламентот. Но има еден услов, мораат и тие да имаат најмалку гласови колку што се потребни за еден пратеник. Конкретно, ако има три турски политички партии, сите заедно имаат 10.000 гласа, таа што има најмногу, ќе влезе во Парламент, вели Трајанов.

Според него подобро е помалите етнички заедници да се натпреваруваат.

„Ако вие имате квота задолжителна, тогаш партиите ќе се договараат со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Има слабости, но тоа решение треба да се надоградува. Ќе го отвориме прашањето околу изборниот праг, тоа не е спорно. Првиот изборен процес откако ќе биде една изборна единица, да има природен праг. Инаку, тоа го наметнаа пред 10 години дека во Македонија треба да има стабилна влада, двопартиски систем, рече Трајанов.

Трајанов информира дека тешко оди процесот за една изборна единица.

-Не е проблем ние во овие услови, кога имаме енергетска криза, кога има последици од пандемијата, рефлексии на војната во Украина. Ние не сме до толку непринципиелни или да не водиме сметка за нашите национални државни интереси за да бараме сега Владата да ја срушиме. Меѓутоа, јасен е ставот, ако се блокира процесот, јас самиот не можам да ја бутнам Владата или да предизвикам парламентарни избори, но има пратеници кои можеме и ако се блокира повторно процесот, тогаш ќе гласаме за предвремени парламентарни избори. Тоа е нашиот став, ќе одиме на избори, но повторно ќе биде на наша штета, затоа што нема да има една изборна единица, вели Трајанов во емисијата „Клик плус“.

избори кандидати листа Македонија Павле Трајанов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.