Author: НОВА ТВ Terziova

За прв пат во историјата на Македонија освоен е златен медал на Балканската математичка олимпијада. Средношколецот Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на 39-та Балканска математичка олимпијада (БМО) која се одржа во Аргос, Кипар, објави на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. „Македонската репрезентација составена од средношколците: Никола Спировски, Алексиј Тасиќ, Јасна Илиева, Јан Стојановски, Блаже Суклевски како и основецот Дамјан Давков го постигна најдобриот екипен резултат досега“, пишува Арсовска. Арсовска за постигнатиот успех денес од името на Град Скопје им додели пофалници и награди на сите учесници.

Read More

Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски вели дека мора да сфатиме дека како црква поминуваме низ тежок период сами. -Не треба да се обевременуваме во какви проблеми е целата православна егумена. За јавноста е јасно дека ние имаме еден од најголемите прекини на меѓусебното општење во историјата на христијанството. Во ваков контекст кога имаме целосно поларизирани центри во православието, ние успеваме да добиеме голема премија. Не треба да не загрижува кој во периодот што следи ќе богослужби со нас. Ние имаме јасно трасиран пат кој ќе води кон конечното решение. Се надевам после тоа никој нема…

Read More

Киев наведува „виша сила“ за запирање на третина од протокот на гас во Европа, додека Гаспром вели дека немало никакви прашања што би го оправдале потегот. Рускиот гасен конгломерат Газпром не доби потврда за виша сила или какви било пречки за продолжување на транзитот на гас преку крстосницата во регионот Луганск, соопшти компанијата во вторникот, откако украинскиот оператор ОГТСУ објави дека ќе ги запре дополнителните испораки почнувајќи од 11 мај, поради присуството. на „руските окупатори“. Службите за транзит на гас на Украина (OGTSU) прогласија виша сила, велејќи дека е невозможно да се продолжи транзитот на гас преку точка за поврзување…

Read More

Мајката на осумгодишното момче рече дека нејзиниот син, првак, околу 18 часот отишол да си игра во училишниот двор. Кога пристигнал, таму веќе имало две момчиња, едното на иста возраст, а другото малку постаро. Бил во училишниот двор, вели таа, околу 30 минути и во тој момент немало родители во близина на дворот. Кога дошла по синот, видела дека има повреда на вратот и прашала што се случило, а момчињата рекле дека го влечат со јаже. Син ми стоеше и се држеше за оградата, а тоа постарото момче го „закачи“ за врат и го повлече. Јажето го држеше зад вратот“,…

Read More

Хрватска е подготвена да и понуди на Бугарија своја професионална и техничка поддршка за пристапување во шенген зоната, соопшти Министерството за внатрешни работи во Загреб по средбата меѓу министерот Давор Божиновиќ и неговиот бугарски колега Бојко Рашков. Божиновиќ и Рашков разговараа и за состојбата во Украина и ангажманот за обезбедување привремена заштита на украинските бегалци, како и состојбата со мигрантите во источниот дел на Медитеран. Состанокот беше посветен и на новиот Пакт за миграција и азил и стратегијата за посилна и поотпорна шенген зона. Министрите потврдија дека трендот на зголемен миграциски притисок на надворешната граница се зголемува со пролетните месеци…

Read More

САД веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за долготраен конфликт со Украина и дека руската победа во Донбас, регион на исток, можеби нема да стави крај на војната, изјави директорката на американската Национална разузнавачка агенција, Аврил Хејнс. „Проценуваме дека претседателот Путин се подготвува за долготраен конфликт во Украина кој ќе се обиде да ги постигне своите цели надвор од регионот“, изјавила Хејнс пред пратениците. „Владимир Путин сака да го пренесе конфликтот во Придњестровје, област на Молдавија која се отцепи во 1990 година“, додала таа.

Read More

Руската православна црква не ги признава одлуките за статусот на МПЦ, кои беа донесени без учество на Српската православна црква (СПЦ). -Признавањето на „Охридската црква“ од страна на Вселенската патријаршија претставува груба и политички мотивирана инвазија на СПЦ, изјавил заменик-претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Руската православна црква, Николај Балашов. „Вселенската патријаршија, како и во случајот со Украина, повторно одлучи да биде единствениот и самопрогласен арбитар во целиот православен свет, единствениот и неприкосновен арбитар за сите црковни прашања, со грубо антиканонски и политички мотивирани посегнувања врз Српската православна црква. Но, легитимна одлука за статусот на Православната црква во…

Read More

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска денеска ја осуди изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека на Унгарија и е „одземено морето“. „Хрватска ја осудува изјавата на премиерот на Унгарија, Орбан. Ние, исто така, ги осудуваме сите територијални претензии кон други суверени држави“, соопшти Министерството. Поради изјавата на Орбан, на разговор е поканет и унгарскиот амбасадор во Хрватска, а се наведува и се додава дека хрватскиот амбасадор во Унгарија побарал разговор во надлежното министерство очекувајќи „објаснување на таквите изјави кои непотребно ги нарушуваат добрососедските односи“ меѓу двете земји. Според порталот „Политико“, Орбан неодамна изјавил дека „Унгарија ќе имала…

Read More

Нема продолжување на учебната година во средните училишта, заклучи Владата на денешната седница на која донесе одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта. -Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година, информира прес-службата на Владата. Владата на оваа седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од склучување договор за грант за проектот „Рехабилитација на објекти за физичко образование во основните и средните училишта и набавка на спортска опрема во Северна Македонија“,…

Read More

Полициската станица Чаир на 09.05.2022 во 13.15 часот доби пријава од 24-годишниот З.Ј. дека исчезнала неговата сестра. Лицето од с.Љуботен, скопско, пријавил дека од семејниот дом се оддалечила неговата малолетна сестра С.Ј.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Read More

Двајцата поранешни водачи на ОВК, Хашим Тачи и Кадри Весели, се изјаснија дека не се виновни по обвинувањето дека извршиле воени злосторства во Гњилане, Будаково и Сметиште. На прашањето на судијата дали ги разбрале точките од обвинението, Тачи и неговиот адвокат изјавија дека не ги разбрале. „Не ги разбрав, затоа што не можев да ги прочитам, затоа што се многу редактирани“, рече Хашим Тачи, поранешен претседател на Косово. „Како и повеќето од овие обвиненија, тие се многу редактирани, имиња, места, времиња и поради тоа, мојот клиент г-дин Тачи, и другите не можат да разберат што точно презентира специјалниот обвинител“, рече…

Read More

Во рамки на денешната седница која се одржа во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, советниците од Карпош расправаа по пет точки од дневниот ред. По опширната дискусија која се развила во врска со предлогот за регулирање на наплатата на комунална такса по основ, организирање на зонско паркирање на дел од јавните паркиралишта на подрачје на општина Карпош, советниците со мнозинство гласови ја поддржаа оваа Одлука. Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ќе биде одговорно за јавните паркиралишта и јавните површини кои ќе бидат наменети за зонско паркирање на територија на општината, односно ќе функционира како организатор…

Read More