За прв пат во историјата на Македонија освоен е златен медал на Балканската математичка олимпијада. Средношколецот Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на 39-та Балканска математичка олимпијада (БМО) која се одржа во Аргос, Кипар, објави на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

„Македонската репрезентација составена од средношколците: Никола Спировски, Алексиј Тасиќ, Јасна Илиева, Јан Стојановски, Блаже Суклевски како и основецот Дамјан Давков го постигна најдобриот екипен резултат досега“, пишува Арсовска.

Арсовска за постигнатиот успех денес од името на Град Скопје им додели пофалници и награди на сите учесници.