САД веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за долготраен конфликт со Украина и дека руската победа во Донбас, регион на исток, можеби нема да стави крај на војната, изјави директорката на американската Национална разузнавачка агенција, Аврил Хејнс.

„Проценуваме дека претседателот Путин се подготвува за долготраен конфликт во Украина кој ќе се обиде да ги постигне своите цели надвор од регионот“, изјавила Хејнс пред пратениците.

„Владимир Путин сака да го пренесе конфликтот во Придњестровје, област на Молдавија која се отцепи во 1990 година“, додала таа.