Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Откако беше пофален од меѓународните медиуми, канадскиот снајперист познат како „Вали“ се врати од Украина во Квебек, велејќи им на локалните медиуми дека неговото искуство таму било „страшно разочарување“. Во разговор за канадски „Ла Прес“ тој тврди дека во Украина имало несоодветно оружје, слаба обука и големи загуби, како и профитерство и дезертирање во украинските редови. Кога Вали одговори на повикот на украинскиот претседател Володимир Зеленски во март и доброволно се пријави да се бори за Украина, западните медиуми му дадоа раскошно покривање. Поранешен канадски војник кој исто така доброволно се пријавил да се бори со курдските милитанти во Ирак,…
Руската православна црква (РПЦ) ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија, изјави секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук. -Ставот на РПЦ, пред сè, ќе го земе предвид пристапот кон тој проблем на Српската црква, на која продолжуваме да ѝ ги признаваме ексклузивните канонски права во Северна Македонија, рекол тој. Вселенската патријаршија претходно соопшти дека ја признава МПЦ-ОА како православна и дека ја прифаќа во заедницата на христијанските православни цркви, а на СПЦ и останува правото да ги регулира меѓусебните административни прашања во рамките на канонскиот поредок и…
Владата на редовна седница ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. „Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост“, соопшти Владата. Поради тоа, Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека спроведувањето и почитувањето на општите и посебни мерки и протоколи за заштита од ковид – 19 во предучилишните установи престануваат да важат.
Доколку предметите за легализација на објектите на претседателот и на Владата се во процедура, истите се дивоградби, изјави директорот на агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев во гостување во емисијата Топ тема на Телма. „Прво, овие два објекта се објекти од посебен карактер, и таму самата постапка за да се изврши предмер и да се запишат е сосема различна од запишувањето на било кој друг објект. Тоа се објекти, резиденцијални објекти на претседателот, на Владата и на државата, и тие се објекти од прва категорија и за нив, колку што го слушнав директорот на општи и заеднички работи господинот…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја поздрави одлуката на Вселенската Патријаршија за признавање на Охридската Архиепископија за канонска и таа, според него, е една од најсветлите одлуки важна за нашата Света Македонска Православна Црква и македонскиот идентитет. -Оттука, дотолку повеќе е нејзиното значење, што одлуката доаѓа по повеќедецениското и повеќестрано негирање на македонскиот национален идентитет, меѓу кој е токму и улогата на нашата црква која несомнено по оваа одлука станува дел од големото семејство на православни заедници, независна и рамноправна на другите. Сакам да честитам на истрајноста, мудроста и упорноста на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, како и сите останати…
Обезбедени се 72 000 брзи антиген тестови за ковид, како поддршка од Република Унгарија, објави преку соопштение Министерство за здравство. Министерот за здравство, Беким Сали беше на примопредавањето на оваа донација од амбасадорот на Унгарија во земјава, Ласло Дукс. „Тестовите веднаш ќе бидат распределени во здравствените установи и со нив значително се олеснува пристапот на пациентите кон тестирање, а се олеснува и движењето на пациентот во установата со цел добивање на неопходниот здравствен третман. Благодарност за оваа поддршка во нашиот здравствен систем, со која уште еднаш од страна на Унгарија се докажува нивната солидарност за поуспешно справување со ковид пандемијата,…
„ВМРО-ДПМНЕ веќе две години блокира низа закони во Собранието. Со активниот бојкот тие не ја блокираат и бојкотираат Владата, туку се блокираат и бојкотираат граѓаните, компаниите и сите кои би имале интерес од предлложените законски решенија“ рече премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Сител ТВ. Тој додаде дека Парламентот не е супермаркет, па ВМРО-ДПМНЕ да прави листи кои закони би ги поддржале, а кои би ги блокирале, бидејќи сите закони во себе содржат правна регулатива која ги унапредува процесите во државата. „Дел од законите се по две години блокирани во Собранието – Законот за служба во армијата, Законот за наставниците,…
Првиот премиер од владеењето на Владимир Путин рече дека денешниот говор по повод Денот на победата покажал дека рускиот претседател е свесен дека неговата војна пропаѓа. Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов изјави дека Путин сега е во неволја и дека ова е „почеток на крајот на ерата на Путин“. Тој во интервју за Скај њуз рече дека рускиот претседател бил „заведен“ и дека не очекувал толку силен отпор од Украина. Поранешниот премиер, кој претходно се изјаснил против војната, рече дека Путин го „украде“ Денот на победата од Русија и „создаде инструмент за пропаганда“. Тој рече дека тоа што денеска не…
Историски чин за нашата црква е одлуката што Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА и воспостави канонско единство, бидејки Македонската Православна Црква е примена како црква во семејството на православни цркви, вели за Нова ТВ Бранко Ѓорѓевски, верскиот аналитичар и новинар. „Нејзиниот статус и име се уште не се уредени, но ова значи дека нашата црква веќе не е шизматичка, не е расколничка како што тоа и го наметна Српската православна црква од 1967 година кога сме ја прогласиле црковната автокефалност. Нашите црковни достоинственици сега ќе можат да сослужуваат со достоинствениците од другите православни цркви како рамноправни. Но одлуката за тоа…
Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа. Во официјалното соопштение од Канцеларијата на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија меѓу другото се вели: „Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г.…
Белорускиот претседател Александар Лукашенко го обвини Западот дека е „опседнат“ со нацистичките идеи и дека „води војна против Русија“ во Украина, каде што руската офанзива трае веќе два и пол месеци. „Поддржувачите на нацизмот се опседнати со идејата за одмазда, но тие не се подготвени отворено да се борат со следбениците на советскиот народ“, рече Лукашенко во говорот на 9 мај, Денот на победата над нацистите во 1945 година. „Затоа ја преплавуваат Украина со оружје“, рече тој, обвинувајќи ги „западните елити“ дека ја претвориле земјата што граничи со Русија во „чудовиште“ и го издигнале нацизмот на ранг на државна идеологија.…
Рускиот претседател, Владимир Путин, го предводеше маршот на Бесмртниот полк во Москва, кој ја одбележува годишнината од Денот на победата над фашизмот. Путин носеше фотографија од својот татко во поворката на Бесмртниот полк, а ширум Русија и Европа, каде што се одржува ваква прошетка, вообичаено е да се носат фотографии од предци кои учествувале во борбата против фашизмот. Во цела Русија денеска се одржаа традиционални воени паради по повод Денот на победата во Втората светска војна, а централната манифестација се одржува на Црвениот плоштад во Москва каде што Путин одржа говор.