Обезбедени се 72 000 брзи антиген тестови за ковид, како поддршка од Република Унгарија, објави преку соопштение Министерство за здравство.

Министерот за здравство, Беким Сали беше на примопредавањето на оваа донација од амбасадорот на Унгарија во земјава, Ласло Дукс.

„Тестовите веднаш ќе бидат распределени во здравствените установи и со нив значително се олеснува пристапот на пациентите кон тестирање, а се олеснува и движењето на пациентот во установата со цел добивање на неопходниот здравствен третман. Благодарност за оваа поддршка во нашиот здравствен систем, со која уште еднаш од страна на Унгарија се докажува нивната солидарност за поуспешно справување со ковид пандемијата, кажа министерот Сали по повод обезбедувањето брзи антиген тестови од Унгарија, пишува во соопштението од Министерството.