Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
На 20 август по трет пат ќе се гласа за избор на градоначалник на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Повторениот изборен процес е поради тоа што на октомвриските локални избори минатата година, не беше обезбеден цензус, бидејќи гласаа само 25 отсто од избирачите. Потоа во април повторно беа распишани избори, но во Маврово и Ростуше не се одржаа, откако од изборната трка се откажа единствениот кандидат Медат Куртовски, а во Центар Жупа не беа успешни, оти повторно немаше цензус. Немањето цензус, според Куртовски се должи на иселеноста на жителите на општината во западно – европските земји. „Инаку над…
Интензивните горештини во поголемиот дел од Европа предизвикаа јунски температурни рекорди од Арктичкиот круг сè до Северна Африка. Силниот топлотен бран предизвика пораст на температурите значително над просекот за јуни во бројни земји, во некои случаи и до 20 степени. Во средата Норвешка забележа температура од 32,5 степени во Банак, наводно највисоката температура досега забележана внатре во Арктичкиот круг во Европа. Тоа е значително повисоко од јунскиот просек од 13 степени. Во Полска во понеделникот температурата достигна околу 35 степени, а во делови од источна Германија измерени се 37 на повеќе локации. Рекорди во регионот Јунските температурни рекорди беа срушени…
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири присуствуваше на денешното доделување на дипломи на четвртата генерација на дипломирани студенти на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој во своето обраќање ја потенцираше важноста на континуираното вложување во образованието. „Сакам да ви порачам дека мора да се обидете, како професионалци кои што ја сакаат својата земја и го посакувате успехот – за да го постигнете истиот и за оваа среќа наместо да трае три дена, туку да потрае во континуитет, мора постојано да се трудите, да вложувате напори и време во вашето знаење. Учењето не завршува денеска. Ако го надоградувате, лесно ќе…
Турскиот претседател е подготвен повторно да разговара со Путин и Зеленски за прехранбените производи блокирани во украинските пристаништа. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека повторно ќе разговара за извоз на земјоделски производи од Украина со рускиот лидер Владимир Путин и шефот на украинската држава Володимир Зеленски, пренесува Анадолу. „Нашите руски пријатели сега работат на организирање преговори и со Путин и со Зеленски. Ќе имаме разговори за тоа како да ја испорачаме храната од Украина“, „има земји кои имаат проблеми, можеме да помогнеме“. Турскиот лидер повтори дека Турција е подготвена да го извезе житото што ќе ги напушти украинските пристаништа.…
Американецот Ленс Сторц од Кентаки заврши во притвор откако синоќа убил двајца и повредил неколку други полицајци. Инцидентот се случил во неговиот дом, каде тој се забарикадирал и оттаму почнал да пука врз полицаjците. Како што пренесува Еј-Би-Си, пукањето се случило во округот Флојд, синоќа околу 18:44 часот по локално време. Според извештајот за апсење, Сторц бил вооружен со пушка и испукал повеќе куршуми кон полицајците околу неговиот дом, при што убил двајца од нив и едно полициско куче. Полицајците дошле во куќата на Сторц поради пријава за семејно насилство. Ранети се петмина полицајци и директорот на Управата за вонредни…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска беше гостин во вестите на „Канал 5“ каде изјави дека во никој случај историските прашања, кои се споменуваат во делот на добрососедските односи, не влегуваат како критериуми во преговарачката рамка. Добрососедските односи генерално се критериум, но не се причина за блокада во вака предложениот предлог. Имаме една рамка за решавање на разликите со Бугарија тоа се годишни прегледи, но ништо од тоа не е формален критериум на Европската Комисија, ниту пак се прави ниту според нив се прави какво било влијание на преговорите во кое било Поглавје, изјави Маричиќ.…
Во рамки на консултативните средби за европскиот предлог за евроинтеграции на Северна Македонија од Владата информираат дека премиерот Димитар Ковачевски одржал брифинг со претставници од граѓанскиот сектор, експерти од различни области, професори и политички аналитичари. Во соопштението се вели дека премиерот Ковачевски упатил благодарност за, како шпто е наведено, придонесот што го даваат граѓанскиот сектор и експертската јавност во овие клучни моменти за државата. „Премиерот Ковачевски посочи дека Владата, партнерски, низ дијалог и консултации, носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија. Премиерот Ковачевски истакна дека Владата нема дилеми за стратешкиот правец на државата и…
Русија денеска соопшти дека се надева на „разумно решение“ на спорот околу ограничувањата за транспорт на стоки преку територијата на Литванија до регионот Калининград, руска ексклава на Балтичкото Море. Русија ѝ соопшти на Европската унија дека моменталната ситуација води кон значителни трошоци не само за Литванија, туку и за Унијата, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко, пренесе руската агенција Интерфакс. Тој додаде дека му се чини дека „сигналот е примен“, односно дека Унијата го разбрала предупредувањето. Слично мислење изрази и рускиот амбасадор во Европската унија, Владимир Чижов, кој рече дека се надева на „компромисно решение во блиска иднина“.…
Точно 3.031 пензионер во државата земаат најнискa пензија во висина од 10.276 денари. Станува збор за пензионери кои правото да заминат во пензија го оствариле од 01.01.1997 година и тоа во третата група, во многу турбулентен периодот за државата, се вели во анализата на порталот pari.com.mk. Според последните објавени податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) за месец април, во категоријата најниски пензии висината на месечните примања на пензионерите се движат од 10.276 до 12.911 денари. Вкупниот број на пензионери кои спаѓаат во категоријата со најниски пензии изнесува 81 427 или секој четврт пензионер во државава влегува во…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека не смета оти францускиот предлог е идеален, но, како што рече, ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ. „Се разбира дека секое решение, предлог, којшто треба да задоволи две страни е компромисен и дека не е идеален само за едната страна, било кој предлог ќе треба да ги остави двете страни подеднакво задоволни или незадоволни. И за овој предлог мислам дека не е идеален, но дека ни овозможува после 17 години влегување и фаќање на последниот воз за пристап во ЕУ“ – рече Османи…
Заменик шефот на руската дипломатија, Алекасндар Грушко, денеска изјави дека приемот на Финска и Шведска во НАТО може да ја влоши воената ситуација во регионот на Балтичко Море. -Ако ја следиме логиката на мадридските одлуки, тогаш откако пристапувањето ќе биде финализирано, НАТО ќе почне да зборува дека најголема ранливост има на руско-финската граница, која мора да се заштити, а тоа се 1.300 километри, па затоа ќе биде потребно распоредување на трупи, оружје, итн, рече Грушко во текот на разговорот во Меѓународниот клуб Валдај, пренесе Тасс. Според него, сето ова ќе доведе до влошување на регионалната безбедност, значително ќе се искомплицира…
Вечерва во 19 часот пред Владата се одржува протест за најавата на премиерот Ковачевски дека ќе се прифати францускиот предлог. Граѓаните денеска излегоа пред Владата од каде се бараат оставки. Инаку, овој предлог беше објавен од страна на Владата денеска на пладне, а претходно премиерот Димитар Ковачевски истакна дека со него се зачувува македонскиот јазик и идентитет. „Позицијата во која се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Ќе дебатираме и во Парламентот, со опозицијата и со севкупната јавноста. Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни…