Author: Влатко Чаловски

ФРОДЕМ оценува дека со опструкциите за составување влада се нанесуваат тешки последи по однос на мирот и стабилноста на земјата. „Собранието не работи, мандатот на локалната власт истече, а извршната власт функционира технички. Поради нефункционирањето на Собранието не се врши контрола врз работата на институциите и со тоа се суспендира уставниот поредок. Затоа, пратениците веднаш треба да ја продолжат конститутивната седница, да изберат претседател на Собранието, а тој веднаш да свика седница и за да се избере нова Влада“, се наведува во соопштението на ФРОДЕМ. Оттаму потсетуваат дека веќе два месеца секојдневно течат преговори меѓу албанските партии најпрво со врхушката…

Read More

Со пароли и скандирања „Не сакам тава, сакам права“, „Не сакам тава сакам плата“, Платформата за родова еднаквост денеска одржа протестен марш по повод 8ми Март за уназадување на еднаквоста и правата на жената во Македонија. Како што вели Санела Шкријељ од Платформата, денешниот марш се одвиваше со цел да се испрати порака до институциите за како да се подобри менталитетот и вредностите за жената да не биде во втор план. – Денешниот марш е глас против она што се случува во нашето општество изминатите 10 години а тоа е назадување во родовата еднаквост и поставување на жената единствено како…

Read More

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денес повторно го повика претседателот Ѓорге Иванов да го додели мандатот на парламентарното мнозинство кое му достави 67 пратенички гласови за Зоран Заев да да ја формира новата реформска Влада. – Иванов не може да го спаси Груевски преку кршење на Уставот. Груевски не може да се спаси од одговорност преку провоцирање насилство и создавање поделби помеѓу граѓаните. Граѓаните се длабоко загрижени. Домашната и меѓународната јавност испратија многу сериозни предупредувања. Груевски и Иванов да не си играат со оган и да не предизвикуваат атмосфера на омраза и конфликт во Македонија, порача Спасовски. Како што…

Read More

Седницата на Советот на јавни обвинители, на која Советот требаше да разговара за однесувањето на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи на рочиштето за случајот „Насилство“ е одложена за во четврток. Никој од Советот на даде објаснување за одложувањето на седницата. Последното рочиште за овој предмет се одржа на 22 минатиот месец и двете обвинителки влегоа во жестока расправа со судијката Татјана Михајлова, по што таа двете ги казни по 2.000 евра за непочитување на судот. Следното рочиште за овој случај е на 10 март, еден ден по седницата на Советот. Во овој случај обвинети се 14 лица,…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=QuknMkgRvL8 Веќе 17 години е во бизнисот на еротиката. Дали сексуалноста е табу во Македонија? Зошто сексуалното образование е неопходно? Во Портрет на НОВА, одговорите од Сузана Милиќ. [polldaddy survey=”EAA53EB1E07BD99E” type=”slider” title=”Учествувајте во нашата анкета!” body=”Дали Ви се допадна содржината на видеото?” button=”Започнете »”]

Read More

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, го повика претседателот Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот на оние кои составиле парламентарно мнозинство со порака дека таа зборува и во името на генералниот секретар на НАТО

Read More

Европратениците Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, кои се медијатори на Договорот од Пржино потпишан во јули за излез од политичката криза во Македонија, велат претседателот Ѓорѓе Иванов и партиите треба да ја почитуваат волјата на граѓаните и да го прифатат оној кој формирал парламентарно мнозинство. – Го повикуваме Претседателот и сите политички партии да ја почитуваат демократската одлука на граѓаните и да го прифатат договореното парламентарно мнозинство без понатамошно одложување. Како што постојано ние и еврокомесарот Јоханес Хан повторуваме, очекуваме нова влада базирана на инклузивност, реформи и меѓуетничка соработка, се вели во заедничката изјава. Тие во исто време…

Read More

Амбасадорот на САД Џес Бејли во денешната изјава за медиумите пред ЕУ инфоцентарот вели дека одлуката на претседателот да не го додели мандатот е разочарувачка за Америка. https://www.youtube.com/watch?v=idYDAp327gg Како стратешки партнер на Макеоднија, Бејли го повика Иванов уште еднаш да ја разгледа својата одлука. „САД се разочарани од одлуката на претседателот Иванов да одбие да го додели мандатот на парламентарното мнозинство да формира Влада. Веруваме дека ова не соодвестува со основните демократски принципи и владеењето на правото кои се клучни вредности  на НАТО. Како стратегиски партнер на Македонија и со целосна почит кон суверенитетот на македонскиот народ го охрабтуваме Иванов…

Read More

Министерството за внатрешни работи најостро ги осуди инцидентите што се случија синоќа за време на протестите на т.н „Илинден 4“ во Скопје и најави дека ќе ги употреби сите капацитети за целосно да ги расчисти и санкционира одговорните. Министерот Агим Нухиу денес на прес-конференција потенцираше дека ќе бидат санкционирани сите обиди за нарушување на јавниот ред и мир и апелираше до сите граѓани да се воздржат од секаков вид насилство и нарушување на правниот поредок. https://youtu.be/5-PCcafa1KQ?t=9m52s – Граѓаните имаат право да протестираат на еден демократски начин, да се собираат на јавни места и да ги изразат своите ставови, но Законот…

Read More

ОБСЕ/ОДИХР го објави финалниот извештај за изборите спроведени на 11.декември во Македонија, а во него се вели дека, потребни се неколку измени за стабилен изборен процес. – Иако партиите генерално, имаа можност за слободно претставување на кампањите, се препорачува властите и политичките партии да преземат конкретни чекори за да не се врши притисок врз вработените од јавната администрација, политичките активисти и другите кои ги посетуваат таквите настани или пак самото гласање. Наводите за притисок треба темелно да бидат истражени, порачува ОБСЕ/ОДИХР. За Државната изборна комисија, во извештајот се препорачува сите сесии да се одржуваат јавно и транспарентно а поплаките од…

Read More

По синоќешното интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во кое повика да не се седи дома и народот на улица да ја спасува државата, бидејќи тој смета дека е нападната, се случија три инциденти на луѓе кои не се согласуваат со политиките на Груевски или се негови отворени критичари. „Ако народот не си ја одбрани државата, тогаш ќе има проблеми. Ако сметаат и ако планираат со седење дома и гледање телевизија дека некој друг ќе ја одбрани државата, се во заблуда“, рече Груевски, повикувајќи го народот да ја покаже својата сила за како што вели тој, против двојазичноста, нападот…

Read More