Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ/ОДИХР: Остра реторика на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборниот процес

0
By Влатко Чаловски on February 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 28, 2017 16:17

ОБСЕ/ОДИХР го објави финалниот извештај за изборите спроведени на 11.декември во Македонија, а во него се вели дека, потребни се неколку измени за стабилен изборен процес.

– Иако партиите генерално, имаа можност за слободно претставување на кампањите, се препорачува властите и политичките партии да преземат конкретни чекори за да не се врши притисок врз вработените од јавната администрација, политичките активисти и другите кои ги посетуваат таквите настани или пак самото гласање. Наводите за притисок треба темелно да бидат истражени, порачува ОБСЕ/ОДИХР.

За Државната изборна комисија, во извештајот се препорачува сите сесии да се одржуваат јавно и транспарентно а поплаките од партиите да се разгледуваат без партиски ставови.

Во извештајот исто така е забележано дека партијата ВМРО-ДПМНЕ покрај своите проекти, водела кампања и со негативна реторика.

– Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ употребуваше националистични пораки и ја обвинуваше коалицијата предводена од СДСМ дека сака да го ослаби националниот идентитет, тврдејќи дека изборите се еден вид референдум за унитарноста на државата. СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на власта и за криминални дејствија, се вели во извештајот.

Во однос на кампањите меѓу албанските партии, во извештајот се наведува дека на социјалните медиуми се објавувале нови прислушувани разговори од претставници на ДУИ, но дека сите тие се обраќале само кон својата етничка заедница.

ОБСЕ/ОДИХР забележува дека речиси ниту една дебата помеѓу политичките лидери не се случила.

Во финалниот извештај на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР исто така е наведен и постизборниот процес, а во кој најтензично беше пред канцелариите на Државната изборна комисија.

– Постизборниот процес помина во тензична атмосфера и остра реторика главно од ВМРО-ДПМНЕ. Откако Беса и СДСМ доставија жалби за резултатите од неколку избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ повика на протести пред ДИК. На 17 декември лидерот на ВМРО-ДПМНЕ достави Проглас во кој ги обвини ДИК и странските амбасадори за вмешаност во изборите. Следниот ден беа објавени посмртници на сегашниот и поранешниот претставник на дипломатската заедница во Скопје. ОБСЕ/ОДИХР се уште не забележал да се покренати истраги за овие работи, се вели во извештајот за изборите во Македонија одржани на 11.декември 2016 година.

ВМРО-ДПМНЕ Дик избори Извештај ОБСЕ/ОДИХР притисок СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.