Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Иванов да се вразуми и да го додели мандатот

0
By Влатко Чаловски on March 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 7, 2017 15:40

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, денес повторно го повика претседателот Ѓорге Иванов да го додели мандатот на парламентарното мнозинство кое му достави 67 пратенички гласови за Зоран Заев да да ја формира новата реформска Влада.

– Иванов не може да го спаси Груевски преку кршење на Уставот. Груевски не може да се спаси од одговорност преку провоцирање насилство и создавање поделби помеѓу граѓаните. Граѓаните се длабоко загрижени. Домашната и меѓународната јавност испратија многу сериозни предупредувања. Груевски и Иванов да не си играат со оган и да не предизвикуваат атмосфера на омраза и конфликт во Македонија, порача Спасовски.

Како што вели тој граѓаните го избрале концептот едно општество за сите и не сакаат поделби.

– Сакаат повисока минимална плата и зголемување на просечната плата, квалитетно образование и здравство, држава во служба на граѓаните и правда за сите. Промените започнаа и ниту Груевски, ниту Иванов нема да ги спречат, потенцираше тој.

Коментирајќи го писмото кое Иванов денеска го испрати до најважните претставници на меѓународната заедница, Спасовски рече дека Претседателот го прекршил Уставот уште кога мандатот му го дал на Груевски без да има потврда за мнозинство а Меѓународната заедница до која Иванов испрати писмо постојано укажува дека на Македонија е неопходно што поскоро да има Влада која функционира и која ќе работи на реформите.

СДСМ очекува Иванов да се откаже од заштитата на една политичка структура, да се предомисли и да застане на страната на граѓаните на Република Македонија.

Истовремено Спасовски ја искористи можноста да упати прашање до Претседателот на Македонија – зошто не бил загрижен во моментите кога го додели мандатот на Никола Груевски, кога исто така постоеше албанската платформа за која Груевски се согласил.

Одговарајќи на новинарско прашање, зошто СДСМ не побара да се свика Собранието, да се избере претседател на Собранието и да се распишат локални избори, Спасовски одговори дека тие работат на варијанти но до Иванов било да се вразуми и да го даде мандатот со тоа што ќе ги исполни своите уставни овластувања.

– Ова претставува директно кршење на Уставот, рушење на уставниот поредок и токму заради тоа и денешната прес конференција и повикот навистина Иванов да направи се, да помогне Македонија да излезе од оваа криза. Изборот на Парламентот и сите други работи којшто претходат, сигурно дека мора да се случат меѓутоа најважно од се е Македонија да добие што е можно побрзо Влада, повтори генералниот секретар на СДСМ.

Влада Ѓорѓе Иванов мандат Оливер Спасовски Платформа претседател СДСМ Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.