Author: Влатко Чаловски

Час и половина пред да започне продолжението на расправата на Државната изборна комисија по приговорите за изборни нерегуларности на СДСМ, симпатизери на владејачката партија денеска повторно се собраа со цел како што велат „да ја одбранат државата“. Протестот е продолжение на синoќешниот собир кој заврши доцна во утринските часови, а на кој се обраќаа високи функционери на ВМРО ДПМНЕ за „одбрана на волјата на народот“. (ВИДЕО) Валентина Божиновска се заканува со ноќ на ножевите Имено меѓу присутните е потешко да се дојде до изјава, но сепак одбегнувајќи ги камерите, во разговор велат, не е својствено гласовите на Албанците да одат…

Read More

Конкурентни избори кои се суштински чекор во решавањето на двегодишната длабока политичка криза, кои се одвиваа во средина на широко застапена недоверба во институциите и политичкото уредување, е оценката на меѓународните набљудувачи во првичните заклучоци по изборите. Специјалниот координатор и предводник на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ, Роберто Батели, вели, високата излезеност на гласачите е нивната порака дека ја сфатиле својата улога за иднината на Македонија, а дека останува на политичарите да работат на одржливи реформи. Амбасадорката Тана Де Зулиета која ја предводи набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, рече дека одложувањето на соопштувањето на првичните резултати од вчерашното гласање од страна…

Read More

Поттикнати од како што велат, неуспешната организација и нејасни стратешки цели, членови и основачи на партијата Левица денеска најавија дека ќе формираат внатрешна фракција под името „Единство“, чија цел, велат тие, е да се обедини членството и партијата да се врати на вистинскиот пат. „Изминатата година Левица покажа храброст, знаење, желба за промени, но не и политичка зрелост и мудрост. Не беше донесен стратешки план, туку беа исполнувани желбите на одредени лидери. За да се оствари тоа беше прекршен Статутот на партијата и беа употребени лаги и манипулации со членството. Беа искажани закани за бркање од партијата и дисциплински постапки.…

Read More

Отфрлајќи ја претставката на заменикот Оливер Андонов поднесена до Антикорупциската комисија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вели единствените решенија за распоредување на вработени во МВР, ги правел согласно  член 44 став 4 и 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија кои предвидуваат дека министерот може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања на пониско или повисоко место на носител на раководна позиција. – Нагласувам дека  сите овие решенија за  распоредување  на работниците на конкретни работни места во Министерството се донесени пред денот на донесување на Одлуката за распишување на избори за избор…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=HubRyx1eKeE На јавна седница, што е ретка практика на Антикорупциска (ДКСК), Комисијата денеска ги разгледуваше претставките на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов кон Оливер Спасовски, и на ВМРО-ДПМНЕ кон СДСМ, градоначалникот на Куманово и директорот на кумановското јавно комунално претпријатие. Двата приговори се однесуваа на членови од Изборниот законик за кои подносителите велат дека се прекршени. Предметот оформен по претставката на Андонов го води Фарие Алиу (членка на ДКСК). Образложувајќи го, таа рече дека постои основан сомнеж дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го прекршил членот 8а од Изборниот законик, кога правел промени во МВР, по распишување…

Read More