Author: Влатко Чаловски

Според магазинот Форбс, Орце Камчев важи за најбогатиот Македонец, но и средствата на Срѓан Керим не се на незавидно ниво. Тоа се истите оние кои раководат со МПМ и кои поради немање доволно средства, упатија ултиматум до новинарите во Утрински весник или да одберат 10 луѓе да бидат испуштени од работа, или целиот весник да згасне. Сите коментираат јавно дека денешниот број на весникот кој работи од 1999 година, може да биде и последниот ако новинарите не ја прифатат понудата на менаџментот за бркање на 10 новинари поради лошата економска ситуација на МПМ. – Проблемите во Утрински весник траат од…

Read More

Директорите од повеќето скопски клиники, доктори и хирурзи денеска напладне му ракоплескаа на Груевски додека тој најавуваше нови проекти и инвестиции во здравството. Иако кампањата се  уште официјално не е започната, се отвораат сомнежи дали администрацијата, во случајов таа од здравството се злоупотребува во предвремена кампања во пресрет на изборите.  https://youtu.be/c9RB0CPBkrQ Минатата недела лидерот на ВМРО – ДПМНЕ најави 33 милиони евра инвестиции во медицинска опрема. Гости му беа вработените во здравството, директори и лекари. Денеска Груевски најави нови проекти, повторно во здравството. На пладне, директорите од повеќетоо скопски клиники заедно со доктори и хирурзи  вработени во јавното здравство дојдоа на…

Read More

Граѓаните заслужуваат подобар живот и ние имаме план да создадеме услови за тоа, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со заменик-претседателката на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи, Тања Фајон. – Тоа ќе го обезбедиме на фер и регуларни, демократски избори заедно со граѓаните на Македонија, кои мора да се случат и ќе се случат. Македонија плаче за промени, вели Заев, кој на средбите со Фајон и европскиот пратеник Кнут Флекештајн разговарале токму за ова. Лидерот на СДСМ го посочи иселувањето на младите од земјава како еден од клучните проблеми кои, како што вели…

Read More

Со тим од 14 експерти, 20 долгорочни набљудувачи и 300 набљудувачи на краток рок од земјите членки на ОБСЕ, Мисијата на ОДИХР ќе ги набљудува претстојните парламентарни избори закажани за 11.декември, соопшти шефицата на мисијата, Тана де Зулуета. На прес-конференција, де Зулуета информираше дека набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР стартувала денес со средби на делегации во македонското Министерство за надворешни работи и Државната изборна комисија. На 9.ноември ширум земјава експертите и долгорочните набљудувачи ќе бидат распространети на локално ниво, а веднаш по пристигнувањето на краткорочните 300 набљудувачи, неколку дена пред изборите, и тие ќе ги заземат своите места ширум Македонија. -…

Read More

Претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и неговото семејство, самоиницијативно денеска рушат дел од објектот во близина на градскиот плоштад во Скопје, за кој општина Центар предупредуваше дека е дивоградба. Панчевски веќе се пожали на одлуката на Центар, но и покрај тоа што Второстепената комисија се уште нема одлучено по неговата жалба, претседателот на Кривичниот суд решил на своја иницијатива да руши. – Се работи за самоиницијативна одлука на инвеститорите да го вратат објектот во првобитната состојба, изјави денеска пред новинарите адвокатот на семејството Панчевски, без притоа да одговори зошто се одлучиле за рушење пред да видат дали ќе им…

Read More

Како што соопшти претседателката на советот, судијката Олга Крстевска, на сопствено барање е изземена од постапката, а на нејзино место е поставена Вања Штерјова, која заедно со судијката Лилјана Ивановска Кочовски се уште немаат безбедносен сертификат

Read More

Туарегот со кој што дополнителниот заменик министер Диме Спасов направи две сообрајни несреќи, вечерта го наполнил резервоарот со бензин од службената картичка на Министертво за труд и социјала, иако возилото е доделено на располагање на Агенцијата за вработување и Спасов го користел противзаконски. Ова го соопшти министерката за труд и социјала Фросина Ременски, која што рече дека денеска не го видела на работа заменикот Спасов. – Ниту постои ниту може да постои документ за користење, решение, полномошно или налог, изјави Ременски зборувајќи за тоа што Спасов го возел џипот на Агенцијата за вработување. Повикувајќи го да поднесе итна оставка поради…

Read More