Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фајон по средбата со Заев: Неопходни се промени во Македонија

0
By Влатко Чаловски on November 4, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 4, 2016 12:22

 

zaev-fajon

Граѓаните заслужуваат подобар живот и ние имаме план да создадеме услови за тоа, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со заменик-претседателката на групата на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи, Тања Фајон.

– Тоа ќе го обезбедиме на фер и регуларни, демократски избори заедно со граѓаните на Македонија, кои мора да се случат и ќе се случат. Македонија плаче за промени, вели Заев, кој на средбите со Фајон и европскиот пратеник Кнут Флекештајн разговарале токму за ова.

Лидерот на СДСМ го посочи иселувањето на младите од земјава како еден од клучните проблеми кои, како што вели тој, како совесни граѓани, мора да се промени.

– Ова е моментот заедно да создадеме сегашност и иднина за нашите деца и за државата. Во овој многу важен историски процес кога се бориме да ги обновиме демократските институции, да поставиме здрави темели во разрушените економија, здравство, правда, од врвно значење е Македонија да добие демократски и легитимно избрана влада, потенцираше Заев.

Во својата изјава пред медиумите, Фајон потенцираше дека на Македонија и се потребни промени, и вели на државата и е потребно тоа.

– Ние поддржуваме во Македонија да има подобар живот. Навистина се потребни промени бидејќи работите не се одвиваат како што треба. Младите ја напуштаат земјата. Насекаде од разговорите што ги имав со граѓаните, може да се види дека ситуацијата не е нормална, дека има лоша економска ситуација, проблеми во здравството и има навистина потреба од промени, изјави Фајон, дополнувајќи дека за таа цел, потребни се фер и демократски избори.

Фајон нагласи дека демократите од Европа ќе ги следат изборите во Република Македонија, бидејќи истите се од големо значење, за да бидат уредно и фер признаени.

Таа остварила средба и со Специјалното јавно обвинителство на кого му порачала дека ја ужива поддршката во работата, а рече и дека недозволиво е граѓаните да бидат уценувани во предизборието и токму од тие причини, неопходни се изборите.

Зоран Заев избори млади Тања Фајон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.