Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најбогатиот Македонец нема пари за плата на 10 новинари

0
By Влатко Чаловски on November 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 8, 2016 14:05

Според магазинот Форбс, Орце Камчев важи за најбогатиот Македонец, но и средствата на Срѓан Керим не се на незавидно ниво. Тоа се истите оние кои раководат со МПМ и кои поради немање доволно средства, упатија ултиматум до новинарите во Утрински весник или да одберат 10 луѓе да бидат испуштени од работа, или целиот весник да згасне.

Сите коментираат јавно дека денешниот број на весникот кој работи од 1999 година, може да биде и последниот ако новинарите не ја прифатат понудата на менаџментот за бркање на 10 новинари поради лошата економска ситуација на МПМ.

– Проблемите во Утрински весник траат од 2011 година наваму и оттогаш сме под перманентен притисок. Но ставот на Утрински е дека „ниту еден не смее да биде отпуштен од работа и како знае нека се справи менаџментот со тоа“, изјави денеска на прес-конференција а ЗНМ и ССНМ, Љубиша Станковиќ кој е ветеран во овој влијателен дневен весник.

Тој дополни дека новинарите се сретнале со Срѓан Керим неодамна и тој им најавил дека платите нема да доцнат и дека ќе стигаат еднаш во месецот. Неколку дена подоцна, односно вчера, тие се известени дека компанијата работела со загуба од 1.800.000 евра и дека поради тоа ќе бидат отпуштени 10 вработени.

Претседателката на Синдикатот на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, денеска повика на солидарност од страна на сите колеги и читателите против одлуката на менаџментот која по никаква вина не е донесена поради новинарскиот труд.

– Компанијата веќе во континуитет тврди дека има финансиски проблеми и тоа го ефектуира со постојано намалување на плати, откази и технолошки вишоци. ССНМ жали што се покажа дека еден од најбогатите македонски бизнисмени потфрли во водењето медиумски бизнис но тоа не е поради работата на новинарите. Тоа е последица на слугинскиот однос на сопствениците кон власта, порача Чаусидис, која рече дека ќе се борат до крај и доколку биде потребно, новинарите отпорот ќе го покажат и на улиците на протест.

Ниту претседателот на ЗНМ, Насер Селмани не беше нешто поблаг во својата изјава бранејќи ја новинарската фела. Според него, Керим и Камчев не се демократи и поради тоа одлучуваат да го згаснат весникот.

– Основачот на Њујорк Тајмс од 1857 година, Хенри Рејмонд на своите новинари им рекол „Весникот не смее да биде алат или роб на одредена партија“. Тоа што нему му било јасно во 1857 година, на сопствениците на МПМ не им е јасно во 2016 година. Која е разликата? Рејмонд е демократ кој живееше во демократска земја, а Камчев и Керим не се демократи и ниту живеат во демократска земја, потенцира Селмани.

Јордан Камчев преку Орка Холдинг поседува хотели, градежни компании, млекарници, мелници, земјоделски комбинати, текстилни фабрики, ресторани, болници. Некои од овие компании добиваат тендери вредни десетици и десетици милиони евра, оттаму се поставува прашањето зошто се менуваше уредувачката политика на „Вест“ и на „Дневник“, а сега „Утрински весник“ е на чекор да згасне.

ЗНМ МПМ новинари Орце Камчев Срѓан Керим ССНМ Утрински весник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.