Author: Влатко Чаловски

Вчерашните терористички напади на Ататурк аеродромот во Истанбул е последниот од серија напади кои ја погодија Турција последните неколку месеци. И речиси секогаш целта се избира на места со голем број туристи, кои пак се помеѓу најзначајните придонесувачи во економијата. Иако засега никој не ја презел одговорноста за нападите на Ататурк, Турците се сомневаат во ИСИС. Воедно претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган потенцираше дека нападите се организирани со цел да се омаловажи неговата земја. На 7.јуни загинаа 11 луѓе, а 36 беа повредени кога од паркиран автомобил одекна бомба активирана од далеку за време кога полициски автобус минуваше во…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=mOwA2U0hyE4 Додека траеше говорот на активистот Демијан Хаџи-Ангеловски пред Собранието, демонстрантите добија информација дека комбето на Шарената револуција, во кое најверојатно се пренесуваа боите, е застанато на улицата Кочо Рацин. По ова неговиот говор беше прекинат а демонстрантите се упатија кон комбето со кое управуваше пратеничката Лидија Димова. Веднаш откако пристигнаа новинарските екипи и дел од демонстрантите, полицијата влезе во своите возила и си замина. Пратеничката Димова вели дека нема објаснување зошто била застаната и дека и била побарана легтимација. Според неа, тоа е дело на полицијата, која вели, ги штити криминалците од власта. Кратко по овој инцидент, со факел…

Read More

Загрижувачки се состојбата и податоците од ЈУ Специјален завод – Демир Капија, алармира Хелсиншкиот комитет за човекови права по извршената посета во рамките на установи од затворен тип. Во овој Специјален завод кој постои над 40 години сместени се лица со најтешка ментална ретардација а кои живеат во субстандардни услови. Алармантно е тоа што во оваа установа во кои се сместени 277 штитеници нема ниту еден еден постојан лекар. Хелсиншкиот комитет по извршената посета констатира дека со овие лица со тешка попреченост, работат 4 дефектолози, 18 медицински сестри, 70 негуватели а останатиот дел од 153 вработени се административен персонал. За…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=xpmN2gMhhVI Маја Петрушевска која работи како менаџер на продукција на светскиот сервис Би-Би-Си, ден по одржување на референдумот во разговор со НОВА го пренесува расположението во Обединетото кралство, кои се механизмите за стопирање на постапката за излегување на Британија од Унијата и кој ја направи разликата во референдумот.

Read More

Според претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, Специјалното јавно обвинителство во недостиг на време за квалитетни истраги – потрфлило, ја гонело само владејачката ВМРО-ДПМНЕ и предизвикало тензии во општеството со ризик за меѓуграѓански конфликт. – СЈО е инстистуција од која се очекуваше да ја реши политиката криза, наместо инструмент за правда испадна дека е инструмент за уцена. Селективниот прогон  создаде мачна атмосфера во општеството. Наместо Специјално обвинителство добивме селективно обвинителство. Денес единствениот амнестиран политичар е Зоран Заев, посочи во својот говор претседателот на земјата. Обвинувањата кон него со донесувањето на аболицијата, вели тој, биле упатени на погрешна адреса, а лидерите на…

Read More

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски треба самиот да се преиспита кој е тој што го тероризира градот, велат активистите од Шарената револуција, откако синоќешниот масовен протест, “таткото на главниот град“ го опиша како уништување на Скопје. – Барам да престанат да го тероризираат главниот град. Барам да ги остават граѓаните на градот Скопје на мир…Исто така барам да не доаѓаат со автобуси од други градови за да го уништуваат главниот град. Нека дојдат, нека уживаат и нека се вратат во своите градови, а не да дојдат да го уништуваат главниот град, порача денеска во својата изјава Трајановски. Замир Мехмети пак,…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=RIw1Vkj2zKo Расправата која трае веќе четири дена во Собранието пред гласањето за импичмент на претседателот Ѓорѓе Иванов, по предлог на пратениците на СДСМ, а поддржан од пратеничката група на ДУИ и независните пратеници, денеска продолжи со фокус на градоначалникот на Битола, Владимир Талевски. Во меѓусебната расправа помеѓу пратениците, Талевски е цврсто поддржуван од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, додека строго критикуван од опозициските пратеници. Расправата се разжести кога Зоран Илиовски потенцираше најпрво дека за да се покрене одговорност за Иванов, треба правно да бидат прекршени Уставот и законите, а Комисијата оценила дека нема основаност за покренување постапка, а потоа продолжи да зборува…

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=Z7CjDGaIHJU Привремениот премиер Емил Димитриев, во своето обраќање пред  пратениците кои денеска треба да го констатираат досегашниот прв човек на УЈП, Кирил Миновски за нов министер за финансии, вели Владата и покрај контекстот на политичката ситуација останувала максимално посветена во работата поради огромната поддршка од граѓаните. Токму поради таа посветеност, Димитриев потенцираше дека се потребни силни кадри, каков што бил Миновски. – Сметам дека располага со соодветен капацитет да работи на оваа функција. Има работено на голем број различни позиции во приватниот и јавниот сектор, директно бил вклучен во проекти во областа на финансиите, подобрување на конкурентноста, банкарството итн. Исто…

Read More

Група навивачи на Русија на Еуро 2016, се депортирани со придружба на француската полиција по нередите во Марсеј, кои се случуваа пред натпреварот Англија – Русија, во рамките на вториот натпреварувачки ден од Европското првенство во фудбал. Француските обвинители ги обвинија околу 150 Руси дека биле “тренирани хулигани за тепачки“, кои побегнале од полициските лисици. Вчера пак, шестмина Англичани беа упасени поради нивното учество во масовните тепачки. УЕФА во меѓувреме им се закани и на двете репрезентации дека ќе бидат дисквалификувани доколку нивните фанови продолжат со нереди во текот на првенството. Александар Шпригин, кој е на чело на Сојузот на…

Read More

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски по повод масакрот во Орландо, испрати писмо со сочувство до амбасадорот на САД во Македонија,Џес Бејли. Во писмото се вели: „Ваша Екселенцијо, Со жалење ги примивме вестите за ужасниот чин на терор во Орландо, кој одзеде 50 животи. Длабоко сме засегнати со загубата, особено имајќи предвид дека животите се одземени во акт на радикализам и омраза. Мислите и молитвите на Либералите, и на македонските граѓани се особено со семејствата што претрпеа ненадоместлива загуба, како и со сите Американци. Исто така, посакуваме брз закрепнување на сите повредени жртви. Господине Амбасадор, Заедно сме во овие тешки…

Read More