Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајановски vs Шарената револуција: Кој го уништува градот

0
By Влатко Чаловски on June 21, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 21, 2016 17:17

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски треба самиот да се преиспита кој е тој што го тероризира градот, велат активистите од Шарената револуција, откако синоќешниот масовен протест, “таткото на главниот град“ го опиша како уништување на Скопје.

– Барам да престанат да го тероризираат главниот град. Барам да ги остават граѓаните на градот Скопје на мир…Исто така барам да не доаѓаат со автобуси од други градови за да го уништуваат главниот град. Нека дојдат, нека уживаат и нека се вратат во своите градови, а не да дојдат да го уништуваат главниот град, порача денеска во својата изјава Трајановски.

Замир Мехмети пак, еден од најактивните демонстранти на граѓанското движење Шарена револуција, вели оној кој го тероризира градот е токму Трајановски, кој аминувал низа скандалозни проекти.

– Ако некој го тероризира градот Скопје тоа е градоначалникот Коце Трајановски. Тој ќе остане во историјата како еден од најлошите градоначалници кој аминувал низа скандалозни проекти, и нема никакво морално право да коментира за уништување на градот. Шарената револуција е најубавото нешто што и се случува на Македонија изминатиот период, реагира Мехмети.

zamir4Мехмети дополни дека самото тоа што Трајановски немал коментар за собирот на ГДОМ пред Кривичниот суд, само го оспорува неговиот кредибилитет за коментар.

– Што е ГДОМ? Какво е тоа граѓанско здружение кое се собрало пред суд за да брани криминалец. Тоа е само лоша партиска гранка, односно Граѓанско здружение за одбрана на криминалци, вели меѓу другото Мехмети.

Собирот на Шарената револуција вчера, кој започна во 19 часот пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство, беше најголемиот собир на слободна граѓанска маса, а се организираше со цел да се покаже револтот кон актуелната власт и претседателот Ѓорѓе Иванов.

Во протестите кои траеа околу три часа демонстрантите имаа неуспешен обид за рушење на споменикот на Прометеј, односно беа спречени од страна на специјалните полициски сили.

Неколку часа претходно, пред Кривичниот суд во Скопје, ГДОМ организираше собир за поддршка на Основниот суд 1, како и за градоначалникот на Битола, Владимир Талевски кому неодамна му беше доделен домашен притвор.

На тој собир пак, помеѓу другите градоначалници од скопските општини, беше и првиот човек на градот, Коце Трајановски.

#Шарена револуција Замир Мехмети Коце Трајановски Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.