Author: Влатко Чаловски
https://www.youtube.com/watch?v=6py6h2g_dSo Образложувајќи го предлогот за импичмент на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поднесен од пратениците на СДСМ, а поддржан од пратеничката група на ДУИ и независните пратеници, Рената Дескоска порача дека никој не смее да биде над Уставот и законите, и обврска на пратениците е да ја вратат загубената доверба на граѓаните во Законодавниот дом. -Иванов треба да сноси одговорност за злоупотребите во својата функција. Амнестијата е во надлежност на Собранието а не кај Претседателот. Со тој упад во работата на Собранието тој го прекрши Уставот. Аболицијата ја направи надвор од законските норми, со укинат член уште во 2009…
https://www.youtube.com/watch?v=GSijPrKHtPQ Според лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нереално е да се очекува заживување на Договорот од Пржино бидејќи како што вели “најголемиот проблем е враќање на старата влада по една година преговори“. – Не сакам да излезам политичар кој нема надеж за понатаму. Инсистирањето на Меѓународната заедница на емисарот од министерстото за надворешни работи на Германија да го оживее Договорот од Пржино можеби ќе биде неуспешно, рече Тачи по жсредбата со германскиот претставник Јоханес Ханјдл. Одговарајќи зошто е песимист, лидерот на ДПА рече дека по една година преговарање, бесмислено е да се вратат истите луѓе на власт, без да прецизира…
https://www.youtube.com/watch?v=buj-efz39Ao Специјалниот претставник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл вели има излез од политичката криза, а тој е содржан во Договорот од Пржино, за кој пак вели е блокиран и кризата продолжува да трае додека времето истекува. – Договорот од Пржино треба да се реафирмира бидејќи обезбедува рамка за процесот на реформи важни за наоѓање излез од кризата и за напредок во евро-атланските интеграции на земјата, порача Хајндл. Хајндл ја поздрави одлуката на претседателот за целосно поништување на аболицијата, додавајќи дека тоа ќе овозможи фокус на оние прашања што се клучни за иднината на земјата. Амбасадорот Хајндл посочи три точки важни…
https://www.youtube.com/watch?v=ltfe8EPwsE0 „Сите за еден, еден за сите“ е мотото под кое денеска во кафе бар Излет, Шарената револуција со поддршка на целиот персонал, поттикнат од морални и солидарни причини, организира настан за собирање на парични донации за најактивните демонстранти кои се мета на кривичните пријави на МВР. „Само заедно сме најсилни против злото на овој режим. Да бидеме сите солидарни и да им помогнеме на оние од нас кои си го ризикуваат животот и своите најблиски, во името на сите нас, во името на сите граѓани на Република Македонија. За слобода, за правда, за еднаквост!“, се вели меѓу другото во…
Шарената револуција на денешните масовни протести објави ултиматум до власта, со рок до 18.јуни како излез од политичката криза. Имено протестите продолжуваат во друга форма на изразување револт, откако речиси два месеци секојдневно се протестираше низ улиците на Скопје но и други градови ширум Македонија. Првото барање е Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи истото е под ризик да се прогласи за неуставно, така што Уставниот суд би ја загарантирал неговата работа. Воедно, второто барање кое Шарената револуција го произнесе е запирање на прогонот врз демонстрантит и да се ослободат сите приведени. Воедно, како…
https://www.youtube.com/watch?v=tSzublwY7K4 Демонстрантите вечерва упатија неколку барања и поставија рок до кога да се исполнат. А, тоа е 18 јуни. Првото барање е Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, бидејќи е под ризик да се прогласи за неуставно. Второто барање е да се запре прогонот врз демонстрантите. Да се ослободат сите приведени и да се повлечат кривичните пријави од МВР. „Нашите соборци седат во притвор повеќе од еден месец. Оваа хајка мора да престане“, изјавија од Шарената револуција. Трето барање, оставка од Владата на ДУИ и ВМРО ДПМНЕ и формирање на преодна влада, потоа четврто барање,…
Според властите во Париз, се очекува реката Сена денеска да го достигне својот максимум, откако вчера, по поројните дождови, реката се излеа од коритото, поплавувајќи ги улиците на фрнацускиот главен град. Локалните власти соопштија дека Франција е пред прогласување на состојба на природна катастрофа во областите кои се најпогодени од поплавите, претежно местата каде што течат притоките на Сена. Поројните дождови се очекува да продолжат и во текот на викендот. Службите за итна реакција во градот Немур со чамци го евакираа населението, додека во меѓувреме, премиерот Мануел Валс вети огромна помош за најпогодени. За разлика од реката Лоин, покрај градот…
Баба Борка од Радишани, која вчера излезе на протестите на Шарената револуција, што наиде на овации од присутните, а за момент го привлече и фокусот на камерите, вели излегла затоа што душата и сакала, со надеж дека ќе се сменат работите. Таа на кратко разговараше со НОВА, и порача дека во државата има многу неправда. Баба Борка симболично вчера го изрази својот револт, притоа фрлајќи боја кон Собранието. На протестите исто така пред камерата на НОВА зборуваше и Маја, која секојдневно може да се забележи на протестите. Таа пак вели, протестира против системот од кој веќе еднаш се ослободивме, за…
https://www.youtube.com/watch?v=p-uRkQmUY5Q Владата, столбовите од новата барокна ограда, Министерството за правда, Народната канцеларија на Претседателот и Собранието беа цел на чаталот со кој Шарената револуција денеска го започна и го финишираше протестот. „Ќе се чаталиме до слобода“ гласеше мотото под кое поворката од Специјалното јавно обвинителство, маршираше до Илинденска каде што е седиштето на власта. со два импровизирани чатали, обоена беше барокната зграда, а т.н “командоси“ на Шарената револуција со нови пластични пушки ги обоија барокните столбови. Таквиот чин беше поздравен со овации од страна на сите присутни на протестот. Додатна количина боја беше фрлена и врз веќе обоената зграда на…
https://www.youtube.com/watch?v=fks22eD1Ses Засилениот кордон полиција пред Собранието, кој со метални барикади беше излезен на булеварот тотално поделувајќи ја улицата за демонстрантите да не ја бојат фасадата, сепак не ја спречи Шарената револуција да го остави својот печат на зградата во која се носат закони кои се предмет на револт на демонстрациите. Имено и денешниот протест како и вообичаено, започна пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство, на кој учествуваа граѓани од најразлична возраст. Денешниот марш се одвиваше од СЈО, по улицата кај Рамстор до Законодавниот дом, под поворката „Селективна правда не е правда“. Пред ЕУ Инфо центарот, на англиски јазик, т.н “генерали“…
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска донесе одлука да поништи дел од одлуките за помилување на вкупно 22 лица
Тој побара аболицијата веднаш да биде повлечена, а на СЈО да му се дозволи да си ја работи својата работа