Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Влатко Чаловски
Со собир пред СЈО, денеска се заокружи еден месец од протестите на шарената револуција. Граѓаните полека се собираат на протестите, кои се со идентична порака како и претходните: “Одлучно продолжуваме со протести и бараме: – Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО); – Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија; – Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО; – Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под…
https://www.youtube.com/watch?v=O5T22t4y3VM Един Осмиќ, познат во јавноста како Едо Маајка, во интервју за НОВА зборува за неговата посета на Шарената револуција, посетата во Македонија и зошто е важно да се гради соживот во општествата во кои живеат луѓе од различна етничка припадност. Едо денеска во Канцеларијата за Млади на општина Центар, како дел од документарната емисија „Перспектива“, дискутираше за состојбата и проблемите на младите со средношколци од повеќе средни училишта. Документарниот серијал се емитува во четири држави од регионот.
„Гардијан“, „Хералд“, „Дејли Рекорд“, „Тајмс“ и уште неколку други значајни медиуми во областа на културата, со највисоки почести пишуваат за музиката на македонскиот композитор Никола Коџабашија. На делото Орестија – „Оваа неспокојна куќа“, режирано од Зини Херис а со автентична музика од Коџабашија, Гардијан му доделува 5 ѕвезди и пишува: „Автентичната музика на Никола Коџабашија од атонални пијано акорди, партални перкусии и шепот го дефинираат просторот за претставата…експлодира во душевна какофонија, алармирачка, еден вид израз на суровиот безизлез до кој дошле карактерите“. Исто толку ѕвездички на претставата им даваат и „Ривјуз хаб“ како и „Скотсман“ кои за музиката на Коџабашија…
Политичката криза денес е се подлабока. Договорот од Пржино минатата година кој беше потпишан под медијаторство на ЕУ и САД им даде надеж на граѓаните, политичари и меѓународната заедница. Но за жал минатата година видовме опструкции, одлагања и нецелосно имплементирање. А аболицијата е кулминација на ова. Ова е дел од говорот кој евроамбасадорот Аиво Орав денеска го порача пред дел од највисоките функционери во државата кој беа на прославата во просториите на Европската делегација по повод Денот на Европа. – Кога се носеше оваа одлука, беше јасно дека е поради евроатлантскиот пат на земјата. Но евроатлантските аспирации значат демократија и…
Порта Македонија и покрај тоа што веќе одамна е обоена во боите на Шарената револуција, денеска беше додатно мета на балоните со боја а на која симболично беше испишано „Слобода“
На разглас се пуштаа и дел од бомбите а во кои зборуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот премиер Никола Груевски и екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за зделки, тендери и провизии
Поранешните македонски дипломати, професорите Денко Малески и Блерим Река, велат вклучувањето на Хајндл во кризата е сериозен сигнал кој се испраќа од Берлин
Ситуацијата во Македонија е многу сериозна а одлуката за колективна аболиција на претседателот Ѓорѓе Иванов само ја продлабочи кризата. Оттаму и изборите на 5.јуни се незамисливи, велат Фуере и Ванхауте
Поддршка за СЈО, говори за слободна Македонија и боите врз ликовите на екс-премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов, го одбележаа 14.ден од Шарената Револуција
Пред Владата беа поставени два плакати, со Груевски на кој пишуваше “Мафијаш” и со претседателот Иванов на кој пишуваше “Аболиција”.
Традиционално како и претходните денови и денес, на 14 ден од Шарената револуција, протестот започна пред Специјалното јавно обвиниелство во Скопје.
Богоев со печат од партијата СДСМ во подрачната единица на Државната изборна комисија во Центар побара увид по што му одговорија дека тоа може да го направи само индивидуално за себе