Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Влатко Чаловски
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска пред мостот „Слобода“ кај Холидеј Ин, објави фотографии кои ги пронашле во едното од депоата во градот за кои прашуваат дали ова е оградата чија цена во неколку наврати во јавноста беше различно претставена
– Сепак, фактот што видливото мастило лесно се отстрануваше, беше причина за поголем број издржани реакции од страна на јавноста и гласачите. Ваквата појава несомнено имаше влијание врз довербата на гласачите во изборниот процес, вели извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов
Учество на малолетници на митинзите на политичките партии, злоупотреба на државни ресурси и партиски знамиња на бандерите, се дел од нерегуларностите кои МОСТ ги забележала на терен за време на предизборната кампања на кандидатите за претседател
Вкупно 15 фантомски гласачи на адреса „Михаил Чаков бр. 7“ во општина Кисела Вода се наоѓаат на Избирачкиот список, утврдија денеска на терен набљудувачите на невладината „Цивил“; Претседателот на „Цивил“ Џабир Дерала повикува на реакција од ДИК
Груевски да не лаже дека ќе им се подмират долговите на стечајците, тоа веќе се е наплатено, а Јанкуловска да не ги охрабрува полицајците да не навредуваат, побара претседателката на УНИТ Лилјана Георгиевска, на денешните мирни протести на стечајците
„Се е ова лажен изборен маркетинг, извршителите ни симнуваат пари од сметки не гледајќи дали се тоа пари испратени од роднини или од социјална помош“, рече Георгиевска и најави социјални немири доколу не се реши нивниот проблем
НОВА го бараше човекот кој не се срамеше да побара работа за парче леб преку оглас во весник, оглас кој инстантно се споделуваше на социјалните мрежи.
Лошото урбано планирање, погрешното паркирање, непочитувањето на законите, а и невниманието како и непосветеноста кон сообраќајот, се најголемите причини поради кои околу 40 пешаци годишно гинат во сообраќајки
Со 4 гласа „за“ и 3 „против“, Државната изборна комисија го прифати приговорот на СДСМ кои наведоа дека актуелниот шеф на државата со својот отчет предвреме ја започнал изборната кампања
И по поминати 15 месеци од донесувањето на законот, во предметите кои како странки се јавуваат новинари или уредници нема правосилна одлука, што е сериозна пречка за донесување заклучоци за предностите и слабостите од имплементацијата на Законот за граѓанска одговорност
– Да напишам нешто пред вашата куќа некој ќе излезе и ќе праша за што станува збор, а јас тука стојам и никој не дојде да праша, толку напишав за нив, не знам што треба да направам, вели Душко Бранковиќ надополнувајќи дека не сака да прави скандал за некој да реагира
Состојбата на човековите права и слободи во Македонија е лоша. Дискриминацијата и кршењето на овие права се масовни и сеприсутни во сите сфери, се вели во извештајот во однос на човековите права од Цивил-Центар за слобода