Author: Xhabir Deralla

ЏАБИР ДЕРАЛА Малая пехотная лопата, МПЛ-50, во превод – мала пешадиска лопата, е креација на данскиот војник Мадс Јохан Бух Линеман во 1869 година. Тој својот изум го патентира во 1870 година. Лопатата се употребувала во армиите на Австрија, Германија, Франција, Романија и Русија (подоцна Советски Сојуз).

Read More

Мицкоски, во својата изјава пред камерите, изнесе своевидно признание. За него, „уставните измени не се ни проблем“. Тој не е информиран дека ова е едно од најважните, ако не и најважно политичко прашање во земјата во овој период, па ќе рече и деак „уставните измени никој и не ги споменува“. Нему му е важно само да дојде на власт. Дали се работи за признание или, едноставно, лапсус, останува непознато.

Read More

ДЕХРАН МУРАТОВ и ЏАБИР ДЕРАЛА „Нова Македонија“ направи интервју со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, објавено на 27 февруари, во кое редакцијата му даде неограничен простор на рускиот дипломат да ги пласира руските наративи за војната против Украина. Во интервјуто преовладуваат пропагандните наративи со кои целосно се негира вистинската димензија на бруталната освојувачка војна што ја поведе Русија. Во изјавите на амбасадорот Баздникин се забележува изобилство од ноторни лаги и дезинформации, кои со ниту еден збор во текстот на интервјуто не беа предизвикани со критичко прашање.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Големите компании во прехранбената индустрија уште еднаш ни испратија порака: профитот им е најважен, општествената одговорност за нив е непознаница. Не им пречи да ги користат сите придобивки од мерките на Владата за помош на стопанството, но им пречи ако треба да покажат барем минимум одговорност кон општеството, кон своите потрошувачи.

Read More

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи (26 февруари 2023 г.) се впушти во непримерен и груб вербален атак врз мене лично и неколку интернет портали кои „се дрзнале“ да пренесат вест што се однесува на неговата имотна состојба. Тој во објавата се заканува и бара во рок од 24 часа да му се извинам јас, односно медиумите што ги наведува во својата објава.

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, влегува во лична пресметка и со клевети и закани се нафрли врз новинарот Дерала, инаку претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, организација за човекови права и слободи, пишува во соопштението на ЦИВИЛ испратено до медиумите денеска, кое овде го пренесуваме во целост.

Read More

АНЕТА ТАСОВА Еднаш еден човек залутал во некоја шума и ги сретнал трите џуџиња. Ги прашал кои се, а тие му одговориле дека се седумте џуџиња на Снежана, кои бараат начин, бараат лек како да ѝ помогнат на заспаната убавица да се разбуди. Човекот воопшто не се заинтересирал за проблемот, причините и за барањето лек, само се зачудил и ги запрашал ако се седумте џуџиња на Снежана, тогаш зошто се три?! А тие му вратиле: Па нема луѓе!

Read More

Анализа на Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи – придонес кон конференцијата “Украина – година на хероизмот” во организација на Цивил и Амбасадата на Украина во Северна Македонија МАРЈАН ЗАБРЧАНЕЦ Една година после почетокот на руската воена инвазија врз Украина, она што преовладува како глобална перцепција и порака која денес го обиколува светот е херојството на украинскиот народ и обединувањето на западниот демократски свет во поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Од првиот час на руската брутална инвазија, рашистичкиот поход против независна, суверена и демократска Украина, цивилите – жени, деца и стари – се жртви на руската злосторничка солдатеска и платенички банди составена од ноторни криминалци. И додека пишуваме и говориме овде и сега, Украина е мета на рускиот ракетен терор.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Земјотресот што ги погоди Туркије и Сирија, со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, најсилниот во последните 80 години, уште еднаш ја покажа длабоката поделеност на светот. Во моментот кога се подготвува овој текст, бројот на жртвите е преку 24.000 и десетици илјади повредени. Спасувањето на оние што останаа заробени под урнатините е тешко, на моменти хаотично, а на многу места е невозможно – нема доволно луѓе, механизација, вештини… Згора на сета трагедија, во погодените региони се бележат ниски зимски температури. Често се губи трката за спасување на човечки живот повеќе.

Read More

Погледнете само кои фирми и богаташи стојат зад медиумите во кои како река тече проруска пропаганда. Погледнете ги нивните бизнис релации. Ќе видите за што зборувам. ЏАБИР ДЕРАЛА Тој што, заедно со својот министер за надворешни работи, до последниот ден бесрамно го лажеше целиот свет дека нема никаква намера да ја нападне соседна Украина, сега е веќе потврден воен злосторник. И до ден денешен, тој и неговата злосторничка клика, водат политика и војна заснована на подли лаги. Тие се на чело на држава која систематски спроведува терор врз цивилното население од првиот ден на агресијата.

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Во своето обраќање до нацијата во Конгресот на 7 февруари, американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш покажа дека негов највисок интерес и заложба е единството на нацијата. Бајден во изминатите две години покажа дека сака и може да работи заедно со опозицијата во остварување на заедничките интереси на земјата. Тој ги обликуваше своите политики и практики според потребите на „обичниот Американец“. И во ова обраќање, уште во првите минути, пред и да го започне говорот, Бајден го покажа својот силен стремеж за обединување на нацијата.

Read More