Нова сензација на Австралија опен. Три дена по елиминацијата на Новак Ѓоковиќ, настапот во Мелбурн во осминафиналето заврши и за Енди Мареј. Германецот Миша Зверев, 50-ти на АТП листата, го порази првиот светски рекет со 7:5, 5:7, 6:2, 6:4.

Гренслемот по четири кола остана без двајцата најдоброрангирани тенисери што се случува за првпат по 2002 година кога беа поразени Австралиецот Лејтон Хјуит и Бразилецот Густаво Кернтен.

Изненадување за Мареј беше напаѓачката и агресивна игра на Зверев кој во четврт-финалето ќе игра со победникот од мечот меѓу Федерер и Нишикори што е во тек. Швајцарецот во моментот води со 2:1 во сетови (6:7, 6:4, 6:1).

Австралија опен

Осминафинале, резултати

Мажи
Мареј (1., В. Британија) – Зверев (Германија) 5:7, 7:5, 6:2, 6:4
Вавринка (4., Швајцарија) – Сепи (Италија) 7:6, 7:6, 7:6
Цонга (12., Франција) – Еванс (В. Британија) 6:7, 6:2, 6:4, 6:4

Жени
Мугуруза (7., Шпанија) – Кирстеа (Романија) 6:2, 6:3
В. Вилијамс (13., САД) – Бартел (Германија) 6:3, 7:5
Павлјученкова (24., Русија) – Кузнецова (8., Русија) 6:3, 6:3