Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австралија опен: Надал како машина, Цонга провоциран и поразен (ВИДЕО)

0
By Нова ТВ on January 19, 2018 СПОРТ
Фото: ausopen.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 19, 2018 17:30

Ниту повредата ниту паузата се чувствуваат во играта на Рафаел Надал на Австралија опен. Шпанецот беспрекорно го одработи и третиот настап во Мелбурн и со убедлив триумф (6:1, 6:3, 6:1) над Дамир Џумхур од БиХ се пласира во четвртото коло на првиот гренслем во 2018 година. По мечот изрази задоволство од сопствениот перформанс, но и забелешки на временските услови за игра на турнирот.

„Одличен меч. Кога ќе победите со 6:1, 6:3, 6:1 во трето коло на гренслем турнир, тоа е подразбира дека е добар резултат што прави да бидете задоволен. А, тоа е невозможно без добра игра. Подготовките и за овој натпревар беа вообичаени. Се разбудив, отидов во теретана, се загревав, потоа на терен, па на ручек, малку видео игри и тоа е тоа“, рече Надал по победата над 28 носител на турнирот.

Како за останатите тенисер(к)и, така и за Надал, временските прилики во Мелбурн се голем проблем и бараат натчовечки напори да се издржи и истовремено да се остане фокусиран и на играта и на противниците кога живата во термометарот се искачува и до 40. степен.

„Во некои денови е едноставно премногу. Може да биде штетно по здравје што не е шега. Глетката на мачење на тенисери на терен воопшто не е пријатна. Позитивна работа под пеколното сонце е воздухот што за среќа беше сув, а не влажен како што беше случај во Рио де Жанеиро. И тоа прави голема разлика“, додаде прворангираниот тенисер во Мелбурн парк кој за место во четврт-финале ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман.

Цонга: Нека се симне долу, ќе му покажам

Мечот меѓу Ник Кирјос и Жо Вилфред Цонга беше дерби во петтиот натпреварувачки ден во Мелбурн. Очекувањата одеа во насока на тензичен меч имајќи го предвид темпераментот на двајцата тенисери. Тензија не изостана, но, сепак, не меѓу актерите на теренот туку меѓу Французинот и гледач на трибините на почетокот на четвртиот сет. Цонга беше силно испровоциран, па влезе во нервозна конверзација со судијата да преземе нешто, во спротивно му порача „да се симне долу и да му покаже самиот“. Тоа на крајот го чинеше поразот од Австралиецот со 7:6, 4:6, 7:6, 7:6.

„Донесете ми го овде, ќе го разнесам. Ми рече нешто, а јас ќе направам тоа што сакам“, бесно дофрли Цонга кон судијата на стол за подоцна да почне нервозно да гестикулира и кон несовесниот гледач да се симне на терен.

По шампионката на Вимблдон, елиминирана и освојувачката на Ролан Гарос, Остапенко

Јелена Остапенко, сензационалната победничка на Ролан Гарос во 2017 година, не успеа до осминафинале на Австралија опен. Анет Контавеит од Естонија беше подобра од Летонката со 6:3, 1:6, 6:3 со што си обезбеди меч против шпанската ветеранка Карла Суарез Наваро во наредната рунда. Со елиминацијата претходно се соочи и шампионката на Вимблдон, Гарбиње Мугуруза која загуби од Хсие од Тајпеј (6:7, 4:6).

Фото: ausopen.com

Пласман во осминафинале осигура Каролина Возњацки. Данската тенисерка, втора носителка во Мелбурн, славеше над Кики Бертенс од Холандија со 6:4, 6:3 и за пробивање меѓу осумте најдобри на турнирот ја очекува судир со Магдалена Рибарикова од Словачка.

Лесен триумф и за четвртата носителка, Елина Свитолина од Украина која со 6:2, 6:2 ја доби сонародничката Марта Костјук.

Австралија опен 

Мажи, 3 коло

Надал (1., Шпанија) – Џумхур (28., БиХ) 6:1, 6:3, 6:1

Димитров (3., Бугарија) – Рублев (Русија) 6:3, 4:6, 6:4, 6:4

Чилиќ (6., Хрватска) – Харисон (САД) 7:6, 6:3, 7:6

Карењо Буста (10., Шпанија) – Милер (23., Луксембург) 7:6, 4:6, 7:5, 7:5

Кирјос (17., Австралија) – Цонга (15., Франција) 7:6, 4:6, 7:6, 7:6

Шварцман (24., Аргентина) – Долгополов (Украина) 6:7, 6:2, 6:3, 6:3

Сепи (Италија) – Карловиќ (Хрватска) 6:3, 7:6, 6:7, 6:7, 9:7

Едмунд (В. Британија) – Басилашвили (Грузија) 7:6, 3:6, 4:6, 6:0, 7:5

Жени, 3 коло

Возњацки (2., Данска) – Бертенс (30., Холандија) 6:4, 6:3

Свитолина (4., Украина) – Костјук (Украина) 6:2, 6:2

Рибарикова (30., Словачка) – Бондаренко (Украина) 7:5, 3:6, 6:1

Контавеит (32., Естонија) – Остапенко (7., Летонија) 6:3, 1:6, 6:3

Мартиќ (Хрватска) – Кумкум (Тајланд) 6:3, 3:6, 7:5

Алертова (Чешка) – Линете (Полска) 6:1, 6:4

Мертенс (Белгија) – Корне (Франција) 7:5, 6:4

Суарез Наваро (Шпанија) – Канепи (Естонија) 3:6, 6:1, 6:3

Австралија опен Жо Вилфред Цонга Јелена Остапенко Рафаел надал тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.