Серена и Венус Вилијамс го откажаа учеството на Австралија опен во конкуренција на двојки. Американките, според организаторот на гренслемот во Мелбурн, ја образложиле одлуката со повреда на лактот на Венус Вилијамс во мечот со Стефани Фогел што го доби со 6:3, 6:2 и се пласира во третото коло.
Сестрите Вилијамс ноќеска требаше да играат во првото коло на турнирот во дубл против унгарско-руската комбинација Тимеа Бабош и Анастасија Павлјученкова. Серена и Венус досега во кариерата имаат 14 гренслем титули од кои четири понесоа од Мелбурн.