Џорџ Коронс на 99 годишна возраст се надева на место во Гинисовата книга на рекорди. На официјално натпреварување во Квинсленд, австралискиот пензионер исплива 50 метри градно за 56,12 секунди и верува дека резултатот ќе биде признат како најдобар во старосната група на лица меѓу 100 и 104 години.
За качување на стартниот блок Коронс доби помош од еден од судиите по што одлучно скокна во базенот и цело време беше громогласно бодрен од трибините. По настапот рече дека одлично се подготвувал, добро ја распоредил силата, прилично силно го допрел ѕидот на крајот и изрази воодушевување од постигнатото време.
„Првите десетина метри беа прилично добро избалансирани и го одржав тој ритам во последните десет метри. Почувствував дека ме стигнува замор, но, сепак, не се откажав и продолжив до крај“, рече Коронс.
Коронс е роден во Бризбејн и за себе вели дека е страствен пливач од најмали нозе. За време на Втората светска војна бил принуден да прекине со пливачки активности на кои посветено се врати на 80 годишна возраст. Оттогаш тренира по три пати на ден, притоа посетува и фитнес сала, а заслуга за својот успех ѝ припишува на одличната техника што ја има.