Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Австрија: Ако Унгарија не ги прима бегалците, ќе ја тужиме

0
By Нова ТВ on September 8, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 8, 2016 10:42

Австрискиот министер за внатрешни работи се закани дека ќе ја тужи Унгарија ако одбие да ги преземе мигрантите кои ја поминале границата меѓу тие две земји.

Австриските власти, соочени со предизвикот на екстремно десничарската Слободарска партија, ја обвинија Унгарија дека ги пропушта мигрантите на австриската територија, и покрај правилата на ЕУ дека барателите на азил мора да останат во првата земја во која стасале влегувајќи во просторот на Унијата.

Унгарија, која се подготвува за референдум за тоа дали треба да ги прифати европските бегалски квоти, нагласува дека поголем дел од бегалците влегуваат на нејзина територија од останатите земји на ЕУ, најмногу од Италија и Грција.

„Државите кои непрекинато го кршат законот мораат да очекуваат и правни последици“, изјави министерот за внатрешни работи на Австрија Волганг Соботка, одговарајќи на прашањето за унгарското одбивање на бегалците.

„Во тој случај, Австрија треба да поднесе тужба.“, додава тој.

Будимпешта изгради ограда долж границата со Србија која не е членка на ЕУ, за да го спречи приливот на бегалци.

Портпаролот на унгарската влада го отфрли повикот на Соботка тврдејќи дека поголем дел од мигрантите најпрвин доаѓаат во други земји во ЕУ.

„Унгарија не може и нема да прифати одговорност и да трпи последици поради неодговорноста на други земји членки – Австрија и Германија, кои сугерираа игнорирање на правилата или останатите земји како Грција, кои ги занемарија своите обврски“, изјави портпаролот.

Германија и Австрија првично примија многу бегалци од Блискиот исток и Авганистан. Виена ги заостри правила за добивање на азил претходно оваа година и воведе годишен лимит за бројот на баратели на азил.

Тие чекори, кои на големо ги критикуваа организациите за човекови права и ЕУ, уследија откако порасна поддршката на десничарската Слободарска партија во однос на владејачката центристичка партија.

Кандидатот на Слободарската партија Норберт Гервалд би можел да стане првиот европски крајно десничарски претседател на државата на претседателските избори на 2 октомври, на ист ден кога во Унгарија се одржува референдум.

Австрија бегалци Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.