Во тек е акција за извлекување на автомобил кој паднал во Вардар во близина на пешачкиот мост кај болницата „Аџибадем Систина“.
Екипи на Противпожарната единица и нуркачката единица при МВР поставуваат сајли за извлекување на возилото. Засега не се знае дали има луѓе во возилото.