Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тештата на Рашковски ќе одлучува по жалби во Централниот регистар

0
By Нова ТВ on September 13, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата ја именува бабата на Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за претседател на Комисија во Централниот регистар. Елена Начевска, мајката на неговата сопруга, е назначена на владина седница одржана на 9. август.  Од Владата не одговорија на прашањата на НОВА ТВ на чиј предлог е назначена Начевска, ниту пак дали Рашковски ја информирал Владата дека се работи за негова блиска роднина. Оттаму кусо ни одговорија дека Начевска ќе ја вршела функцијата без никаков надоместок.

„Начевска е член на ад хок комисија во рамките на Централниот регистар која не е поврзана со јавни набавки и чии членови немаат месечен надоместок. Таа комисија има стриктни услови за избор – 5 години искуство после правосуден и сл. Елена Начевска работи 20 години во Основен суд Скопје 2. Доколку има надоместок истиот ќе биде пријавен и Начевска најавува дека ќе го донира во хуманитарни цели во Домот за деца без родители. Комисијата во Централниот регистар е вон функција 10 месеци, бидејќи сите членови си дадоа отказ, а никој не сакал да работи во неа бидејќи не се плаќа, односно се покриваат само минимален износ за патни трошоци“, изјавија од Владата за НОВА ТВ.

Комисијата, чиј претседател е Начевска, е второстепена комисија која постапува по жалби и нејзините одлуки се извршни за Централниот регистар, како првостепен орган. На пример, оваа Комисија одлучува доколку до нив стигне жалба за некоја одлука на Централниот регистар како забрана за вршење на дејноста на некое правно лице или пак одлука за бришење на некоја фирма.

Од Владата објаснуваат дека Елена Начевска не е член на Комисијата за жалби по јавни набавки, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. „Таа комисија ја избира Собранието на РМ и истата е уште во стар состав“, велат од Владата за НОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно го прозива Рашковски за непотизам, бидејќи на повеќе функции поставил свои блиски луѓе.

„Повторно на дело се покажа непотизмот на владата предводена од СДС. Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски ја поставил бабата за претседател на второстепена владина комисија. Елена Начевска која е мајка на Вероника Начевска, сопругата на Драги Рашковски е избрана за претседател на Комисијата за жалби, што покажува дека непотизмот во владата на Заев и СДС добива невидени размери, велат од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави денеска Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Драги Рашковски на местото Генерален Секретар на Владата дојде од Правниот факултет „Јустинијан Први“, каде од 2014 година е доцент на научната област воведни и теоретско-правни науки.

Влада ВМРО-ДПМНЕ Драги Рашковски Елена Начевска комисија централен регистар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.